Наместо да поднесуваме жалба....

Пред некој ден пишавме за една вест за која Советот за етика во медиумите (СЕММ) оцени дека „отстапува од професионалните и етичките стандарди“, затоа што за некој уапсен од Косово било напишано дека е Албанец. Тоа им беше главниот столб на одлуката. Ние тоа го сметавме за „помала глупост“ па пишувавме за онаа што мислиме дека е поголема. Но, ајде малку и за оваа нивна поента.

Види: Демек кого на Косово ќе го изгорат, и на Македонија ќе треба да дува?

*********

Сега, ова е веста околу која сакаме да се произнесат мудрите членови на Советот, притоа да продолжат да бидат водени од истите педантни етички и медиумски критериуми од претходниот случај:

Дали со една ваква вест - како со „обелоденетиот“ Албанец од Косово - не се шират стереотипи и притоа не се поистоветуваат „активностите, ставовите или дејствувањето на поединци кои припаѓаат на одредена група со целата група“. М?

Дали еден ваков наслов не сугерира дека на охриѓани им е природно да напаѓаат скопјани, дека скопјани дифолтно дремат по казина а стружани традиционално се шетаат со секири за евентуално да нападнат шумски полицајци?

Зошто македонските медиуми треба повеќе да внимаваат на етничката припадност на некој странец (од Косово) отколку н територијалната подлога на овдешните меѓуградски и меѓуселски закачки кои и тоа како знаат да ја бидат жаришта за нетрпеливост и предрасуди?

Совет, се слушаме?

Знаеме, пицајзли сме, ама па, некако, сами си го бараат.

 

 

28 октомври 2024 - 11:37