Како Цивил „ја истакнаа“ желбата за кршење нечии коски

Во земјава постои едно подмножество подвидови кои живеат во една халуциногена ситуација. Како да не ни го смениле името, како да измислуваме дека нè понижија од шахта до учебник, како Заев да не се извини што спомнал македонска репрезентација.... Па онда некој треба да измислува дека тоа се случило и да шири „лажни вести''.

Тоа своевремено проба да го наметне градоначалничката на Битола кога тврдеше дека немала глупа визит картичка со глупо име (а имала, за што имаме и видео, со North of Macedonia), за што во статијата „Ружно ви е името, затоа не си го знаете“ пишавме:

Кој сака, слободно нека ѝ верува на општината. Ние сепак би повеќе да му веруваме на читателот. Главно затоа што во минатото неспоредливо пати повеќе сме се осеќале заебани од политичари отколку од читатели. И затоа што таа и нејзините служби не се први кои го грешат криминално натуреното име. А Заев не може да стигне секаде и да ги поправа.

А глупите кои едвај дочекаа да рипнат со драматики (трендо шири лажни вести, офф.нет го пробија дното и слични мелодрамски патетики), нека одат да шмирглаат шахти.

Името ви е го сменија со лажни вести (нема да го менуваме уставот и нема да биде ерга омнес) ама визитката на битолчанката сега ви е клучна дефиниција за „лажни вести“. Некој меѓу вашето „норт“ и нашето „маседонија“, подмолно додал „оф“. Уау!! 

Оти па без „оф“ ви е многу убаво па некој треба „да му црта мустаќи“ за да го нагрди.

Значи, да, ружно ви е името.
И лажно ви е.
Глупи едни.

Деновиве Цивил се занимава со оправање на вистината околу менито на еден македонски ресторан, случај кој ние го имавме во два наврата;

Идентитетот, од бетониран до прелепен

Лажни писма на лажни читатели во земја во која сè е лажно освен Заев и датумот

И ете ја пак таа налудничава потреба да се докажува дека во „Земјата на илјадниците датуми“ во која се шмирглаат шахти а премиерот се извинува за македонска репрезентација, некој друг прави белји. Цивил утврдиле дека се работи за лажна вест.  А утврдиле така што му се јавиле на газдата и овој им рекол „нема врска“. Ние од друга страна објавивме сведочење на дечкото кому келнерот му објаснувал дека веќе немаат македонска салата, ама ок, Цивил се од оние кои секогаш повеќе им верувале на газдите.

Но, ги заболе нив дванаестопалачно и за менито и салатата. Во оние идни лекции за медиумска писменост, учениците треба да се научат да препознаваат статии од жанрот „до последњег гранта“. Еве што ги тригернало Цивил.

Оваа оркестрирана лажна вест, ја споделиле над 100 профили, со акцент да се навредува Владата.

Хмм, ко тие едно време да не беа горди баш на тоа што се дел од оркестрирани напади на владата. Или ко навредување на влада да е некој посебен грев, надвор од Северна... Кореја.

Но, ако е таква агендата, така нека тераат. Нека ја бранат Владата до последниот цивил. Меѓутоа, внимавајте што им се се промакнува, баш од нивен домен, да бидат самоповикани пазачи на говорот на омраза и предизвикувањето насилство.

Во статијата за менито наведуваат дузина спорни твитови (нормално, спорни се оние кои имаат акцент да се навредува владата) ама наведуваат и светол пример. А во одбраниот пример од Цивил се посакува - нечии коски да бидат скршени. 

Тоа е таа ужасна оќоравеност која е за неверитис. Некој посакува кршење коски (или мелење, или што и да треба за нечии коски да завршат како салата) а овие од Цивил воопшто не ја забележуваат патологијата на таквиот влажен сон на некојси психопат Ранко. НУЛА. Неговото кршење коски не им боде очи, не им се гледа, не им е повод да арлаукаат до небо (и таму сместените странски амбасади) за да се сопрат ваквите повици на насилство.

Кршењето коски комплетно паѓа во сенка на тоа што некој Ранко за нешто мисли дека е лажна вест па тоа „го истакнува“. Професионалност до коска.

Најќораво и најнадмено на свет, својата обескоскена статија Цивил ја завршуваат со повик:

Индид, Цивил, индид.

Да се разбереме, ние не бараме ништо од надлежните власти, најмалку да ги санкционира Цивил заради ваквата промоција на коментари кои повикуваат на насилство. Ние само посакуваме „стручњаците“ да не ни ја огадуваат салатата. Оти допрва претстојат главните јадења.

 

 

6 јули 2021 - 20:21