Кој им е ПР Смислов во општина Битола?

Веќе немаме памет како треба со овој нивен пусти мерак за сликање по секој ебен повод. Во Битола ставиле маса за шах. Значи маса (комада, еден) на која ќе можело да се игра шах! Дец ит.

ПР текстот на Фејсбук  им се состои од точно 296 збора (пробајте да напишете текст со 296 збора за маса, да ве видиме!) и во текстот има небулози од типот „На примопредавањето во функција на новата маса за шах (ух!), градоначалничката Петровска им се заблагодари... “

Одозгора на тога, од чинот на „примопредавање во функција“ ставиле 7 ексклузивни фотографии.

Ја издвојуваме најбитната:

Но не помалку дражесни се и другите, колку да ја осетите магнитудата на чинот на примопредавањето во функција на новата маса.

Да повториме:

***********

* Други тазе проекти од Битола

* Од вмровските времиња и нивните перформанси од ваков калибар, ви го издвојуваме овој од Штип, од 2016 година

.

 

9 јуни 2021 - 17:10