Булшит детектор

Излези за Северна Македонија

Да се наежи човек од ова визионерство, мудрост и државотворен сенс. Да се потсетиме на тој историски момент и купот халуцинации кои беа пласирани за да си го смениме името. Спомени како помени.

Бочварски ќе нè штител од Бехтел, ај важи

Ако ЕУ не ги притиснат нашиве, како што тоа своевремено го направија со Хрватска, да се откаже од директно договарање со Бехтел и да оди на меѓународен јавен тендер (заради транспарентност и спуштање цена), тогаш е јасно каков е планот на Унијата за Македонија. Никаков.

Кочани - Штип, патот кој ќе ве убие

Видете и сами како изгледаат некои генијални решенија на тој регионален пат. За да биде иронијата на најјако, точната локација на овој сообраќаен злостор е село Балван. А селото е најмалку балван во случајов. Ќе биде ли врзан некој надлежен за овие стубчиња, па да си ја проба среќата?

Башино Село е подготвено за финско образование

Донации во вакцини, донации во фрижидери за чување вакцини, донации за војнички чизми и гуми, за амбулантни возила.... Па за што тогаш сме дерени со даноци и секакви давачки во оваа распарана, питачка држава? Бидејќи сега ќе ни дојде да удриме мајки-шајки од бес и снеможеност, да прејдеме технички ладнокрвно кон темата.

Погледни го домот свој, Кочани!

Заради вакви срања пиздиме кога ќе се сетиме на бедниците кои дрндаа дека немаме каде и дека мора да го смениме името, небаре сета домашна работа што беше до нас вредно ја напишавме и ете, дојдовме до плафонот па без „гледање во иднината“, не можеме да мрднеме. Кочани некогаш беше најчистиот град. Погледнете го сега и ќе се стаписате како и ние.

Шибицарите математиката ја извртеа, не па идентитетот

Да се потсетиме кога Бојан Маричиќ глобално се брукаше дека референдумот всушност бил позитивен, ама тој булшит не проаѓаше кај водителката па на крај му плесна „Вие изгледа попат ги менувате правилата?“. А стварно, секој пристоен човек на кој партиските шефови  би му рекле ТОЈ да излезе на Ал Џезеира и да ги убеди дека 36 е поголемо од 50, би рекол: „Немојте бе луѓе, глупо е, ќе ме изедат“. Е да, клучниот збор е „пристоен“.   

Заев, ајде бе изчезвај

Ова стана толку набиено, срање до срање, да не можеш да пофаќаш. Пазете што ни проаѓа во ова масовно пеплосување кое ни го приреди Заев. Каракачанов, бугарски министер, јавно го класификуаше како Бугарин. Па побогу бре, Заев!

Ама па во НАТО флегофне

Снимка од битолската болница во која пациенти добиваат инфузија додека покрај нив лежат починати пациенти а од паѓање фекалии врз глава додека се во ВЦ ги чува чадор. Црвен. Ама да бидеме фер: не е само НАТО, и радиодифузна такса да не се заборави.

Лидија Фактор Икс, жената која се занимава со ЕУзотерија

Ако ви кажеме дека госпожата тврди дека веќе сме добиле датум, само што датумот не е датум, нема да ни верувате дека не зборуваме за Клеопатра туку за една од перјаниците на овдешната НВО каста.

Оздраве, луѓе, оздраве!

Чуда се случуваат во оваа прекрасна библиска земја. Момчето има некаков очигледен телесен хендикеп со кој оди по коли на раскрсница и моли за пари. Хендикепот чудесно исчезнува кога дечкото влегува во продавница да си купи нешто со парите на емпатичните сограѓани. За жал, чудото трае само додека не го потсетат дека го заборавил својот хендикеп.

Околу видеото каде што Бил Гејтс „боцка мали деца со ГМО и се смее злобно“

Многу е лесно да извадиш нечија изјава од контекст и после тоа да ја шириш како најнеодговорен кретен по социјални мрежи и да вознемируваш луѓе што можеби немале ни прилика ни капацитет да се информираат повеќе. Фино е да се мисли дека живееме во свет каде што нема потреба од вакво објаснување - ама не е реално. Значи вака:

Кога од шумата не можеш да ги видиш маркетите

Донеле забрана и за движење во шума. Забраната не е само за групи поголеми од петорица, од тројца, од двајца (па да ги осуетиш оние на кои би им текнало да се соберат на пикник и да пафтаат скари), туку ама баш за секој, и за шетач поединец. И тоа скромно, од 6 сабајле до 8 вечер. После 8 смееш, ама, не смееш, пошто е полициски час. Ако не можеш во шума поради забрана, ако не можеш околу зграда бидејќи клупите ти ги спакувале во најлон, ај па тогаш да тркнеме до Веро?

Дечки, како алгоритмите?

Се надеваме дека Фридом хаус и другите ќе го регистрираат овој Сотомајорски скок на слободите во оваа некогаш заробена држава која си го смени името за да ја отстрани последната пречка кон нејзината европска иднина. Ако па на некои сме им досадни со „името, па името“, да знаат дека тоа не е ни промил од она колку тие ни се гадат. Но, да одиме кон веста.

Изчезвај бе, Димитров

Ај оној Заев ќе залупа некоја од неговите гигантски зелени, па ќе го удриш на мајтап за со хумор дa се утешиш каков тоа лик ни се паднал. Ама оној Никола - заштитен сведок на странска амбасада - Димитров, тој со никаков хумор не можеш да си го олесниш.

Животот не е прес

Од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци.