Башино Село е подготвено за финско образование

Донации во вакцини, донации во фрижидери за чување вакцини, донации за војнички чизми и гуми, за амбулантни возила.... Па за што тогаш сме дерени со даноци и секакви давачки во оваа распарана, питачка држава? Бидејќи сега ќе ни дојде да удриме мајки-шајки од бес и снеможеност, да прејдеме технички ладнокрвно кон темата.

Додека во затоплените кабинети одбрани луѓе глумат „широка инклузивност“ и одработуваат државни тезги креирајќи „фински модел на образование“, во реалната Македонија е вака: 

Школото изгледа вака:

На сајтот на Велес има и пригодна изјава од градоначалникот и донаторите (ним секоја чест), ама, ако нему не му е срам воопшто да зборува во ваква пригода, нам ни е резил да го објавиме.

**********

п.с. Што стана со онлајн-платформата која кошташе бааги и заради која учебната година доцнеше еден месец? Се преведува од фински?

24 декември 2020 - 14:36