Така е, веста е дека министерот за надворешни работи формирал формирал работна група која ќе има задача за приклучување на Република Македонија кон програмата на САД Visa Waiver, односно укинување на визите за државјаните на нашата земја.
„Работиме на укинување на визите за САД“ го цитираат Османи некои од насловите на оваа жизнерадосна вест која ни дава чувство дека и покрај сите други проблеми (офкорс, наследени од Груевски), овдешните извршни великомаченици работат и на таква тема, да ни ги отворат патиштата кон Америка, богати! Нормално, во продолжение на веста се набројуваат стандардните заложби, посветеност, стратешки сојузништва и слични тракатанци.
Само што.
Критериумите за влегување во оваа програма се безбедноста на пасошот (ви текнува какви кримоси и дилерски капиталци успевале да набават мк пасош?), потоа ниска стапка на одбиеност на барања за неимигрантски визи, како и реципрочен однос на таа земја кон американските државјани.
За стапката на одбиеност:
Според информациите од Википедија, таа треба да биде помала од 3 проценти а во американскиот закон се наведуваат и помали цифри, под два процента.
Во нашиот случај, таа стапка лани изнесувала речиси 30 проценти.
* наназад, сме имале и 20 и 40 проценти (овде, кај точка 7, по години)
Значи, треба 3, ние сме сега на 30. До 2056-та, ќе бидне.
Ама, си го знаат тие медиумскиот ризик од ваквите вести кои формално не се фејк њуз, ама се тежок фејк хоуп. На еден, евентуално два, три сајтa, ќе има вакви детали "од под хауба", ама затоа на дваесетина други занавек ќе си стои дека Бујар "Двајт" Османи во 2021 година почнал да работи да ни се укинат визите за Америка.
Драга и никогаш прежалена Македонијо, досадно е да си секогаш толку глупа.