Булшит детектор

Бил и биќе: Ништавило

Дрпнал комплет ставови искажани на една трибина со Теофил Панчиќ и после ги објавил како свои, во колумна. Е, со такви си имаме работа.

Па уште свртел телефон да се јави на телевизија

Многу ни е криво што не можеме да го видиме суратот на овој гледач. Ете така, да му се изнагледаме. Разбирлива е таа потреба на непријателот да му го запознаеш ликот, да го персонифицираш, надевајќи се дека така полесно ќе се справиш со него, дека утре ќе успееш да го препознаваш.  А гледачов е оној непријател кое мама ни еба на сите нивоа сиве овие години: комплетно отсуство на срам.

И тој би се отселил од овде, да не е Артан Груби

Артан Груби изјавил дека дивеење е 27-ми април а не „прославата на навивачите“ како што тој го нарекува она што Шверцери го направија во МНТ. Ајде да видиме за што и кого се работи.

Високи градежни стандарди и длабок професионализам

Да видите само како се работи на една скопска зграда која ја изведува многу позната градежна фирма (во последни времиња често спомнувана во јавноста). Па уште кога дечково што снимал им се јавил за да им каже што се случува, тие му потврдиле дека знаат, со објаснување дека „Ивица го прави тоа, со одобрение на Марјан“. Профи.

После дождот

Нефролошкото одделение во Струга е во полоша ситуација отколку бубрезите на неговите јадни и кутри пациенти кои лежат по ходници, покрај нив канти што го собираат она што капе од натопените и рошави тавани. Еве ви ги, нагледајте си ги реформите, багро функционерска, и тие денес, и тие вчера.  

Дечиња, ќе можете ли да ни простите?

Читател ни испрати фотографии од основното училиште Браќа Миладиновци во Струга, школо во кое 400-500 ученици деновиве почнуваат со нова учебна година. Зградата се наоѓа спроти Мостот на поезијата а невозможно е да се биде поетичен во врска со ова.

А за канцери ќе се чудиме

Во Скопје треба да пукне цевка за луѓето да видат и (евентуално) се освестат дека цевките им се од оној ужасен и опасен азбест. 

Hey, NATO, Leave the Kids Alone

Не еден туку досега 8 дела снимиле и ене ги на Јутјуб, малтретираат мали и поголеми деца да кажуваат што за нив претставува НАТО. И после некој ќе каже дека времето на Бранко Коцкица било време на црна комунистичка пропаганда?

Порнхаб - УЈП 2 : 0

Во статијата „Порнхаб е побезбеден од сајтот на УЈП“ (Офф.нет, Булшит детектор, 10 декември 2018) предупредивме дека сајтот им нема основен сертификат за безбедност. Четири месеци подоцна, има нешто старо и има нешто ново. Старо е дека сајтот уште им е небезбеден, а ново дека сега и по телефон се курчат.

Преспа, маседонијалес

„Скопје ја тргна 'Македонија' од својот павиљон на меѓународниот туристички саем во Берлин“, гласи веста на еден грчки портал за тоа дека по интервенција на нивната амбасада која се повикала на договорот од Преспа, нашиве ко попчиња морале да го извадат слоганот „Macedonia Timeless“ (оној кој го гледавте по Сиенени и слично). Грците сега па уште се жалат дека ќе мора да одат по светот и вака да ни го зачукуваат. 

Рубин Камен

Не ни се ни набројува по кои сè основи ова е погрешно, бидејќи, ако се фатиш за таа тема, брзо се стига до клетви и пцуења и мајки шајки. Само генералии за авторот: Рубин Земон, актуелен пратеник во Собранието кој го пополни местото на Тунтев кој пак одлета во цивилно воздухопловство за поголема плата. Рубин Земон претходно бил советник на Заев (уф, за мултикултурно општество) а ние го памтиме по тоа што го прогласи ракометарот Стојанче Стоилов за ментално нестабилна личност. Затворете нос и - тоа е.

Реално шоу за сиромашни: „Северна Македонија“

Можете да организирате дигање знаме на НАТО пред Влада (една година порано) и таму да глумите државнички гламур и визионерство, од петни жили трудејќи се да оставите впечаток дека тоа што го направивме со Грција е некаков достоинствен чин. Сè во надеж дека самиот цакум-пакум формат на таа фејк приредба, кај наивни будали ќе роди халуцинација дека - види мајката! - веќе заличуваме на озбилна држава! Да, ама утредента ќе дојде време кога ќе треба да си го смените името. И тоа ќе изгледа вака:

Малку ви е, телиња, малку

Сега нема ограда и можете слободно до Влада да дојдете, за полесно да ве мочаат од керамиди.

Надеж матирана во три потега

Во една пиеса имаше поента дека за овој свет постои надеж сè додека се слуша плач на новороденче, како знак за нов живот и нов почеток. Таа надеж сериозно ни се пореметува кога ќе видиме во какви сè раце знаат да се најдат некои нови невини животи.

Скопскиот воздух ги изедначи пушачите и непушачите

После децении лабораториски истражувања, првпат се случува и едните и другите да се подеднакво затруени и да имаат плунка како да работат во индустрија со олово.