Снимено на улица Демир Трајко, Скопје, лето 2019 година.
По еден јако глуп повод се расправавме со некоја претходна постава на Водовод и канализација (март, 2017 година), па моравме да ги потсетиме:
Стари цевки имате во:
- Козле
- Тафталиџе
- Шуто Оризари
- Бутел
- Ченто
- Маџари
- Лисиче
- 11 Октомври
- Драчево
- ВлаеИ таму се од после земјотресот. Ама затоа зградата ви е нова.
Искрено, од вакви јавни претпријатија и нивни деманти во врска со угледот, да не знае човек дали попрво да му се отпие или да му се присере.
Трендо
Види овде
*********
Од читател:
Трендо, дај да ја довршиме статијава: „А за канцери ќе се чудиме“. И не само за канцери, кај се тука камења у бубрези, кал до колена... Фатив бојлер да чистам пред некој ден и „нормално“ очекував едно 5 кила каменец. Арно ама, излегоа 5 ќеси чиста кал.
Си викам, да фатам со тоа тањирчето да просеам, може и нешто злато ќе се најде!
Локација: Центар на Скопје 2019
Зграда стара: 2,5 години
Бојлер: користен 2 години
Поздрав!
В.