Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада (170 евра шо не е важно но..) и секако без вода, оти не може во авион.
Еве уште, а сега е 20.15, вода нема пиено, во тоалет нема одено. Така што од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци.
И реков да скршат прозорите, ама кај ќе мочаат и од кај вода? Пресови, вести не слушајте, седете си у државите кај што сте не се враќајте ич. Е... ти и Северна и Филипче и сè и стоката лажлива.
п.с. Сагата иде во втор дел. Газдата у Макпетрол не потпишал за храна. Ќе видиме. Важно споени два кревета има, нели, дека корона.
*********
Самир Љума (Медена земја) за неговото патешествие кон карантин:
„Сега состојбата се смири, инаку некои патници запалија цигари во автобусот, гајле си немаа. Не се ниту тие виновни, но реагираа лошо кога јас реагирав зошто пушат во автобусот. Да се возевме три саати да разберам, ама запалија штом влеговме во автобусот“.
********
По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите па не се бунат. Индивидуалци кои сè уште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од предходните патници дека за "мир во куќа" дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин.
Неизвесноста и нетранспарентноста за тоа каде ќе не сместат е исто така резултат на сите оние кои досега бегаат од карантин. Само што влеговме во дворот на Десарет еден од патниците коментира "тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме" па замислете полицијата која работи на спроведување на лицата до карантин со што се сѐ соочува. Вода е неопходно да се обезбеди за патниците кои пристигаат со авиони и чекаат сместување во карантин. (следните кои патувате купете си за секој случај во авион цената во Визер е 180 ден за половина литар или 2.5евра)Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме.