За општина Чаир, вторпат

Во март забележавме дека сајтот на општината има само албанска верзија. Тогаш само линкавме до сајтот („Чаир е често еднојазично место“), ајде да не правиме драми, па да ни се накотат дебилни коментари за шиптари и каури. Може е моментален проблем, фушерајка, може македонската верзија само што не е пуштена.... Осум месеци подоцна, мислите дека на владетелите на Чаир им текнало дека таму има и Македонци? 

На денешен ден сајтот на општина Чаир генерално изгледа вака:

 

И во март и денес на сајтот постои копченце за македонска верзија:

 

И во март и денес, кога ќе кликнете на македонската верзија, го добивате ова:

Инаку, општината е горда што нејзини партнери се ЕУ, УСАИД, УНДП, НДИ, Светската банка....

Се надеваме дека гордоста е обострана.

А што убаво звучат приказните дека со „таму некоја двојазичност“ Македонците ништо не губат, нели?

Сајтот на општина Чаир ви е тука

 

1 декември 2017 - 10:40