Захариева пробува да го сведе Тито на гол диктатор а она во кое сме живееле на гола диктатура. Слушнете како Бугари се разнежнуваат кога ќе се сетат на партизанските филмови со Бата Живоиновиќ („страхотни!“) на квалитетот на животот кај нас и кај нив („Југославија си беше западна Европа!“), како се сеќаваат дека мечтаеле да дојдат овде за да си купат нешто и како многумина Бугари ги местеле своите часовници еден час поназад, за да не утнат некоја емисија на југословенските програми.
За жал, тие просто не можат да избегаат од глупиот стереотип дека „колку повеќе ние ги целуваме, толку повеќе тие нè мразат“. Како со ветото да не докажаа дека речиси секое нивно целување води кон силување.