Занимливо е како ги започнале своите музички кариери еден Леонард Коен, Деби Хари, или, да речеме, Сузан Бојл. Меѓутоа, ниедна таква приказна не ѝ е до колена на онаа за босанскиот народњак Шериф Коњевиќ. Да чуете како одел како получовек - полуживотно кога се спуштил во Сараево, како ги развил своите гласни жици и што му се случило на човек кому Шериф еднаш му платил кафе. Нараторот, генијален мајтапџија!