Нашиов ништо не направил

Таман ќе си најдеме некоја пролазна политичка симпатија а тој велелепно ќе пропадне. Стигнаа резултатите на Константин од Теслиќ. Балканот ќе си тера по старо.

Централната изборна комисија на БиХ соопшти дека на локалните избори, нашиот фаворит успеал да собере само 3,01 процент од гласовите односно само 507 луѓе го заокружиле неговиот глас кој ветуваше крај на политичките врски, помагање на младите и ред други битни и работи за животот во Босна.

Најмногу гласови имал кандидатот на Српската демократска странка а втор бил некој од независните социјалдемократи.

А вака говореше Константин Савиќ.

Види "Сакаме избори"

3 октомври 2016 - 11:06