Сигурно имате видено некоја од оние ситуации кога Германци или други дисциплинирани (припитомени?) луѓе трпеливо чекаат во бескрајна колона на автопат, оставајќи дури и празна лента за Брза помош. На овие простори е поинаку. Наместо бесцелно да седат во кола, луѓе се фаќаат за работа и своерачно отвораат обиколница.