Сармагедон!

Кулинарски трисам меѓу зелката, оризот и месото. Кулинарски интеррејшал меѓу флората и фауната. Првата дама на секоја балканска баба. А чим појдовме со оваа Порнхаб терминологија, мора да се спомне дека е растурена. Уште од мала.

Сарма...

Името иде од турскио збор 'Сармак', шо значи да свиткаш, смоташ, или на црковно-словенски, да сролаш. Ама пошто ја моментално живеам, пијам и работам у Холандија, а тука ролањето е мејнстрим, ќе идеме со една алтернативна варијанта:

Трослојна сарма. Овај тип на сарма припаѓа на семејството 'Растурени', ама пошто нема да биде конвенционално растурена, а башка нема да биде ни ортодоксна у однос на зарзавати, туку ќе ѝ убацеме малце модерен твист, ќе ја викаме 'Трослојна' за превентивно да се заштитеме од традиционалната гастрономска критика.

Трослојната сарма е стар анархист шо не познава нации, вери, бои, џендери, невладини, про-владини... Башка, кај неа не постојат хиерархии и централизација на моќ. Не може, на пример, зелката да се курчи дека е најјака, пошто сеа ако е на врвот, одма наредниот момент паѓа на дното.

Него да не мешаме ногу политика и да засукаме ракави...

Ферментирана зелка или на старо-македонски: кисел купус. Кинеме цели листови. Нема сецкање.

Зајре: 300 грама мелено месо, кромидислав, лук, 70 грама ориз. Запржение грешним додека месото не почне да закафенеува.

После во сад за печење ги ѕидаме нашите сармалистички бедеми. Прво слој зелка низ целото дно на садот. Откако ризлата е инсталирана, редиме од упржениот мастраф. Врз него парчиња сланина или пршут. И така репетитивно сè до врвот од садот. Врз најгорниот слој зелка мачкаме павлака (опционално) и редиме сланина. Или пршута.

Истураме 250-300 мл врела вода, чешмарица, и садот го сместуваме во електичношпоретската пештера попозната како рерна, претходно загреана на 200.

Печеме 45-60 минути. Поентата е оризот да се свари.

Сармалистика будало!!! Готова!

Се препорачува со куќна слава, со апокалиптичен мамурлук, со хектолитар ракија, или со дискографија од реномирани артисти како што се Јужни Ветар, Ипчета Ахмедовског, или евентуално Моторхед.

На здравје!

Сума сумарум:

  • цели листови кисела зелка
  • 300 грама мелено месо
  • 70 грама ориз
  • 100-150 грама сланина/пршута

Sarma is a bitch,
Кирил Стоименов

П.С. Уз сармата бутајте душмански количини лук!
 

19 декември 2021 - 10:14