Епиката како литературен род често се поврзува со јунаштва. А јунак е оној којшо не е кукавица. А кукавица е песна од Цвета на Аркан. Денес јас херојски ќе ѝ се спротивставам на една свинска коленица. Ѕверска епштина сама по себе. Мрсна, а у исто време жилава. Но овие две карактеристики ќе ги конвертирам во сочна ünd крцкава, послужувајќи се со една не-толку-древна баварска техника.
Баварците веруваат дека свињата носи среќа. А Германец ко Германец, рационален и прагматичен, одлучил среќата да ја конзумира на уста. Коленицата генерално е евтина и лесно достапна. Сè што треба да направите е да отидете во локалната маалска месара, да го поздравите мастерот на церемонија позади витрините и да кажете дека ја сум ве пратил. Знае тој шо како. Кај нас стално ја викаат и буткица. АЛИ тоа е ВАЉДА уште еден У низата србизми. СВАШТА!!!
Ќе ја утертипиме со екстра гилгамешики сос приготвен со германско бок-пиво (темен лагер, у суштина, по нашите мејнстрим пивари познат како 'темно пиво') шо у мојот случај ќе биде холандско (но рецептот за пивото е германски) и гарнираме со пире, исто згмечено со финта.
Херои и хероини, (не множина од хероин, жена-херој) се надевам дека ќе уживате во рецептот и ќе го пренесувате трансгенерациски од коленица на коленица.
Одиме: Коленицата репитирана, одморена барем половина час на собна температура. Ја боцкаме со нож произволно насекаде, и на од страната на кожата и од 'голата страна'. Истураме сол и бибер на даска за сечење и целата коленица на ротираме низ зачините. На овој наш свински медал за мундијалот во зимско угојување му приготвуваме јасли од зеленчуци.
Во огноотпорен сад сецкаме кромид, неколку чешниња лук, морков и кромидови перца. Може и свеж рузмарин и ловоров лист, но и не мора. Го отвараме пивцето и го истураме половина врз коленицата, да се слее надолу во зеленчуците. Пред да го нурнеме садот во рерна, со кујнска четка потопена во алкохолен оцет ја премачкуваме кожата од парчето. Ова ќе даде дополнителен сексапил, боја и крцкавост. Плус ги сузбива тешките ароми.
Рерна на 180. Печеме 2 часа и 10 минути. Потоа го вадиме садот, ја отстрануваме коленицата самстално, ја премачкуваме со оцет втора рака, рерната на мамксимум и назад уште 20 минути до пола час.
Додека магично ја закрцкува кожата од коленицата, да ги дотераме гарнирот и сосот: пире ко пире, варен компир, бааги путер, сол и бибер. Но сега наместо млеко додадете хопла/крем фреш и половина кафена лажичка морско оревче. Егзотичната комплексност на оревчето одлично ќе парира со свинското. Како вентор и мамурлук.
-S.o.s.от: пивото и џусовите од зеленчуците ги процедуваме, да остане само течност. Во тава топиме путер, печеесе грама и ја додаваме течноста. На среден оган крчаме до посакувана густина. Може и лажичка брашно успат, ако не ви се чека. Коленицата ни е исончана како продавач на крофни по плажа, при крај на септември месец.
Ја послужуваме со пирето и сосот, како прва и втора придружничка, го отвараме алкохолниот избор на вечерта и религиозно ги повтараме стиховите: "Коленичев јас пред него и сос солзи во очите"
Кирил Стоименов - Менискусо
*Аудио-визуелен бонус: