Имате рандеву у најава? Сте се искурчиле дека сте добри у кујна, а уствари не сте ништо посебно? Немате идеја како да се искупите од оваа мат-ситуација? Храна за возрасни го има вашето решение!!!
(Ако имате потреба од вакви Топ-ШОП најави, слободно пишете му на Трендо, он ќе ми пренесе).
Денес спремаме вечера за удварачи, у два курса. (По БИШЕлин стар фајн-дајнингот). Едноставна како таблатура од првите албуми на Балашевиќ, али сензационална како насловна страна од Таблоид. Ајмо идни бидувачи и бидувачки во - иц компликејтед - врска.
Прво го спремаме предјелото: италијанскиот класик: модар патлиџан-пармежана. Супер мезенце за отворање на мечот.
Еден патлиџан, модар како третоодделенско колено на летен распуст, средна величина. Го сецкаме на коцки (може и на ленти) и у тава на среден оган го обрќаме додека не добие кафеава боја. Во мал огноотпорен сад мачкаме доматен сос по дното, потоа го додаваме модриот, фрламе листови свеж босилек, уште еден слој од сосот, сол, бибер и оригано (задолжително) и одозгора редиме една моцарела и рендаме пармезан.
Имам долги реченици, руски егзистенцијалисти не ми се рамни.
Сето ова у рерна збоботена на 200 по братот Целзи, едно десетина-петнаесе минути или додека сирењата не се стопат како средношколец на четврт екстаза.
Идеме втора стаза: главно јадење: јунеќи бифтек.
Пуштете душа, земете 600 грама бифтек. 300 по порција. Парчињата месо ги оставаме барем 20 минути на собна, максимум двособна температура, за да се олабави мускулот. После оваа техника можете да ја примените и во другите интерактивни вештини во текот на вечерта. Посолуваме и забиберуваме. Сагламски!!!
Тавата угреана како капак од термо печка. Многу малку зејтин. Го џиткаме првото парче. Печеме 2-3 минути по страна. Кога го обраќаме од втората страна, тогаш го додаваме и првачето путер, свежата билка по избор и двете чешниња лук. Со лажица го 'тушираме' парчето со растопените перверзии од путер, лук и во овој случај, мајчина душичка.
Тавата сосе месото у рерна претходно загреана на 180. Е сега, у зависност колку печено го сакате, ќе вариrа и времетраењето на вашето рернисување. Јас како радикален Мидиум-велист, го печам 7-10 мин. Ако сакате помеко и 'поживо' оставете го помалку. Ако сакате скроз 'крваво', не ви ни треба рерна.
Вадиме и го одмараме 10 минути, колку и да звучи тоа порнхабски.
Потоа го сецкаме на парчиња и го посипуваме со соковите што ни се останати во тавата. Тука веќе се отвара и втората флаша вино, се преминува на последните албуми од гореспоменатиот Џоле (лесна нека му е) и три точки...
И да 'кркате' корпа, барем сте ја кркале добро. Вин-Вин.
Кирил Стоименов Ладачки,
екс-удварател