По отворениот салон во Штип, ова е втор изложбен салон, кој е во сопственост на Kia Motors Macedonia, односно не е од дилерската мрежа. Суштината на отворање на сопствени продажни места е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел, ќе следи и сервисен дел, кој исто така ќе биде опремен по стандардите на брендот.
„Ова е важен регион за нас. Со новиот салон веруваме ќе придонесеме за подобро претставување на Kia во Македонија и да се потврдат овие 15 години опстојување на нашиот пазар. Рзвивањето на продажно-сервисната мрежа почна пред една година. Планираме сопствени салони во уште два градови во републиката. “ – изјави Владимир Билбилов, генерален менаџер на Киа Моторс Македонија.
Продажната мрежа на Kia ја сочинуваат дилерите во Охрид и Неготино, како и сопствените салони во Штип и Струмица. Од компанијата најавија дека во сите салони ќе ги имаат сите автомобили кои се дел од понудата, како и тест возила за клиентите кои се заинтересирани да го пробаат автомобилот и да се уверат во квалитетите кои ги нуди брендот
(Комерцијален текст)