"Немам јас никаков проблем со преносната технологија, ни помага таа во нашите животи, но, верувам дека истовремено ги прави луѓето озбилно досадни. Почнав да ги фотографирам во мојата компанија и попат почувствував тага. Пред мобилните телефони, луѓето немаа друг избор освен да влезат во меѓусебна интеракција. Тоа веќе не е неопходно бидејќи сите можеме да се "преправаме" дека правиме "нешто важно" на своите мобилки. Порано луѓето ги користеа цигарите за да ја зголемат својата социјална самодоверба. И добро, тие се штетни за здравјето ама барем не ги претвораа луѓето во "приклучени досади'. Мораме заедно да се ослободиме од оковите на паметните телефони и да го вратиме назад разговорот лице в лице".
повеќе инфо на babycakesromero.com