Разно

Чукни са

На прекрасен гевгелиски, дечкото фаќа неколку добри поенти во својот предизборен говор. Не ми е криво што немам што да ви дадам, криво ми е што немам што да ви земам.

Големи, заборавивте ли што е другарство?

Не знаеме кој е малиов, ама е прејак. Слушајте, учете и памтите. 

Голготата на 323 македонски заробеници

20 години по враќањето од робија по Илинденското востание, прилепчанецот Георги Ачков, еден од 323-та Македонци отерани на робија во Дијар-Бекир, собрал сила да се потсети на ужасите што ги преживеал во 1903-1904 година кога на пат до затворот во Мала Азија биле убиени или умреле од мачење половина од Македонците осудени на сто и една година. Негово сведоштво денес се чува во збирката ретки книги во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Македонци, со сметкопотврда

Детал од една кореспонденција на британската дипломатска мрежа во врска со случувањата во Македонија во турската империја, 1878 година.

Имала мајка до девет сина

Неговиот успех наспроти безизлезноста. И човечката природа на простувањето.

За што зборуваа Макрон и Меркел?

Македонската јавност често знае да да стане комплетно дилужанал околу тоа како сме во центарот на случувањата и како светот нè не вади од уста. Така беше за Пржино, така за референдумот, така и деновиве, за тоа датумот. Kолку подалеку е местото на кое се решава нешто, толку позаинтересиран си за тоа, само да не дојде проблемот до тебе па да треба да мрднеш со сопствениот газ (освен што ќе го преименуваш во задник).

Не давај се, Крушево

When in Krusevo е една од ретките убави работи што се случуваат во земјава и зад неа стои љубовта и ентузијазмиот на група крушевчани кои сакаат да направат нешто за својот град при што секоја година со таа љубов заразуваат сè поголем број луѓе. Со видео го сумирале јунското издание на овогодинешниот фестивал а песна за саундтракот им дале Фолтин. Цут.  

Порака до Помпео

Доналд Трамп:„Како и мојата сакана земја, секоја нација претставена во оваа сала инма негувана историја, култура и наследство кое вреди да се брани и да се слави и коешто ни го дава нашиот единствен потенцијал и сила“.

Добрила Кацарска vs Душко Лазаров

Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас.

Заборавени скопски денс движења

Спот на Бис-Без и нивната верзија на „Море сокол пие“. Тотално е аудио/видео во асинк, ама нема врска. Дражесни сцени на заиграни и ведри млади луѓе, со дечиња на рамо и слично. Најјакиот денс сегмент се случува меѓу 1:13 и 1:19. Како спот на Devo да треба да прават аналогни роботи на Крафтверк, тренирани од Ministry of Silly Walks на Монти Пајтон.

Кој антибиотик го сакате?

За оние што веднаш трчаат по антибиотици во аптеки. Или за оние што на докторот му кажуваат кој антибиотик им врши работа. Или за оние што се лутат ако докторот не препише антибиотик на првите знаци на настинка на нивното дете.

Нова песна за татковината, за првачиња или понављачи

Дојдовме до песничка за татковината за првоодделенци, во која и на децата им ја пишале како Северна, пошто од нивните пријатели од Грција научиле дека труењето е најефикасно ако се почне од мали нозе. Ние малку од малку ја продолживме песната, ферски е да ја знаат нашиве мали поголемата вистина за името на нивната татковина Македонија.

Човек и пустина

Има дечки кои нит ги знаеме нит ги познаваме ама со задоволство ги поддржуваме. Затоа што има за што да се подржат, а има за што да се поддржат затоа што се одважиле да не живеат во бермудскиот триаголник на македонските животи: кладилница- фејсбук - афери. После Farewell и Dog of War, Пеце Здравсковски има ново филмче, на кое добро му оди на едно меѓународно одмерување, а нема да му дојде лошо и ако го подбутнете. 

Охриѓани на платно

Кој рече дека на охриѓани им имат снемано адреналин?

Кога Сидран сонуваше на македонски

Приказната вели дека култниот босанскохерцеговски писател, поет и драматург, Абдулах Сидран (најпознат по сценаријата за Кустурица; Доли бел и Татко на службен пат), една ноќ сонил песна на македонски јазик, јазик кој не го познава.

Имате селфи со Вале Голубица?

Северен Фиром, 2024 година. Медиумскиот могул Вале Голубица во чија брзорастечка телевизија се пресели новинарскиот крем од некогашната 1ТВ, на гала вечерта во нејзина чест ги поздрави присутните членови на владата и високите државни функционери, бизнис елитата и естрадниот џет сет. Што бе дечки, не ви е смешно?

Македонија останува на младите

Ах кога ќе се сетиме какви млади ни заминаа од овде. И дупло ах, кога ќе видиме кој од нив останува.

Како го замразив социјализмот и не успеав да го засакам капитализмот

Беа тоа времиња кога полесно беше да отепаш бафало во Канада, отколку да фатиш женска во Скопје....