Посветено на Венко Филипче.
Се вратил мајсторот порано дома и ги нашол калфата и жена му на каучот.
Зоврел, но како рационален лик излегол надвор да промисли што да прави, наместо да реагира импулсивно.
Да ја избрка жена му (такво било времето) му било глупаво - добро го водела домаќинството, добра мајка била, добро им одел муабетот и сето тоа.
Да го избрка калфата, исто не му се давало - не го крадел, добро работел, ги држел чираците под контрола...
Ама не можело таква голема работа да остане без одговор. Се думал, се думал што да прави, и на крај решил да го продаде каучот, да не можат пак да се „дружат“.
Како што кажав, посветено на Венко Филипче и останатата весела дружина која се бави со короната, во контекст на предлогот за носење маски на улица, мерка со минимален до никаков ефект, во ситуација кога има масовни проблеми со неносење маски во затворени простории, нешто за што знаеме со сигурност дека има голем ефект.
Со тоа што носењево маски надвор е уште покретенско од продавањето на каучот од страна на мајсторот - каучот ќе се продал и никому ништо, а задолжителното носење маски на улица е активно штетна мерка:
- Секој саат во кој полицаец или инспектор ќе се ебава со контрола на маски надвор е саат во кој полицаец или инспектор нема да прави контрола таму каде што е многу побитно
- Активно ќе ги тера луѓето да се собираат во затворени простории, баш во време кога треба што е можно повеќе луѓето да останат на отворено
- Ќе загуби многу од довербата дека имаат поим што прават. Еве, јас имам ретко критикувано мерки на државата, ама сега пишувам, а не сум единствен.