Или работете за сите еднакво или ебете се сите кои ја претставувате нашата држава. Поради поединци доаѓате под критики вулгарни затоа што сте партиски пиони и кодоши за ебена плата од 300€. Инспектори за бифтек продадени! Јас како млад работодавец го имам правото да јадам лајна! За неправдини! Или ќе не биде или не!
Поради затворените граници, објективно не знаеме каква е атмосферата во Грција и што се случува таму. Без секирација, сè е исто. Си тераат антички, си пеат антички песни и врска немаат со нас.
Странец пробува да продре во мудроста на македонскиот народ преточена во изреки и поговорки. Буквално преведени на англиски јазик. Неколку едвај издржа, на “да те серат кокошките“ дигна раце.
Посветено на сите самохрани мајки во Република Македонија и на сите самохрани родители воопшто. Само тие можат да разберат што значи ова што го напишав.
Со наслов „Целите на Македонците“, специјалниот дописник на лондонскиот Дејли њус со сознанија од лице место се обидува да ја исправи погрешната слика и недоразбирањата кои Европа ги има во поглед на тоа кој и за што се бори овде, во Македонија.
Узбуна, дефкон левел 1, чиниш двајцата пратеници на Левица со калашникови веќе влегоа во парламент да стрелаат. Истото ова забринуто граџанство го немаше никаде кога нивниот лидер од позиција на најголема моќ во државата порача дека „ќе јаде живи луѓе“ и дека „ќе ебе и шуто и ругато“ и во чие присуство ноншалантно се зборува за „шиптари„ чии „гласови не вредат ни пет пари“.
Екшн Бронсон ( ве запознававме со него пред шест години во „Го знаете ли Аслани, дебелиот?), заедно со Мејхем и Алхемист одат кај луѓе од фамилијата на Аслани во Косово и Македонија и пробуваат еден тон боговски јадења. Македонија (Чаршија, Турист...) е некаде на седма минута но терајте и понатаму, да го видите чичко му кој тврди дека на Наполеон му нашле компјутерски чип во главата кој му го ставиле вонземјани.
Пред Кичево на микрофон шоферот информира ”патниците со седишта од број 26 до број 54 во Кичево ќе бидат префрлени во друг автобус”. И така - како компири, кој со маска кој без маска, патниците се префрлија како што вели шоферот “за безбедно да патуваат” . Е така де, до Кичево нема корона...
Богами и Санитарен Инспекторат не нè заборави. Ни ги пратија решенијата за самоизолација по Вибер. Јас разбирам дека мора да работат од дома, ама сликата од Решението на покривка од тросед со леопардов принт???
Ги насочиле своите финансиски ресурси, полтрони и кодоши да следат фантазери, во време кога се спремаат нови прекројувања на граници на Балканот среде кои и Македонија е ставена на маса. Веќе утре ќе се дели Косово, можеби и Босна, Македонија сигурно нема истото да ја одмине (читај го британскиот дипломат Тимоти Лес), а нашава УДБ-а, се занимава со мене бе.
Не би ни да потсетуваме на трагедијата која кај Ласкарци им се случи на луѓето кои се возеа со автобус на Дурмо турс лани во февруари. 16 загинаа, преку 30 беа повредени. Мислите некому му доаѓа памет после такви настани? Еве ви еден автобус на Дурмо сега, снимен на Тетово - Гостивар, како шиба скоро стотка на место каде што ограничувањето на брзината е 80. Не на Запад, во Нигерија човек треба да побегне.
Едно прашање е како се чувствуваат оние како Козлова и компанија вака ставени ем против својот народ (кој тоа нема никогаш да им го заборави) ем во спрега со криминалци и авантуристи (а божем левичари). Но, многу поважно е дали ЗЗ ќе одговара за велепредавство и за криминал (се разбира, со другарчињата му).
Неколку скопски клинци (2 Acko FX) го опеваат своето детство кое не е детство со џамлии и долга магарациа, ниту со MTV и тетриси, туку детство со маски, миј раце, не се мешај со луѓе.... Бидејќи ќе дојде ден кога и тие на своето детство ќе се сеќаваат со носталгија, којзнае какви сè времиња нè чекаат.
НАСА постојано ги снима звуците од Сонцето кои се преслаби за човек да може да ги слушне. Но, ако аудио снимка од 40 дена се забрза во неколку секунди, се добива следнава порака:
Традиционалните извори на електрична енергија го отпеаја своето. Соларните панели добиваат своја химна и веќе ништо нема да биде исто. За да се долови самата суштина на струјата, и спотот за химната е наизменичен: малку пејачот, малку газдата. Елоне, спиеш ли мирно?
„I'm Nelko“ (Hi, Nelko) ќе каже тој на својот сајт за веднаш да допрецизира каков е Нелко: „precise and professional“. Но ако после тие пет букви од Нелко следат уште четири (вски), по разгледување на сајтот следат многу пријатни заклучоци.
Кога падна вториот гол, даден од 'Левски', и не беше признат од играчите на Македонија, мечот беше прекинат. Оѕверена, публиката извикуваше најниски ругања кон софијанците, се слушаа викања 'мајка бугарашка', 'Долу Бугарија', 'Горе Македонија'.