Разно

Исфрустрираниот го прекина молкот

Откако три дена го немаше, сигурно незадоволен, гневен и потиштен што Ноле ја доби 5 часовната епска финална битка на Вимблдон, Ник Кирјос се јави на Инстаграм, ама подобро да не се јавеше. Го попарија со коментари.

Кога ФИФА не ти дава да победиш на плејстејшн

Некои луѓе, одговорот на прашањето зошто одредена група на гејмери нервозно крши џојстици, би требало да го побараат во следново видео подолу:

Корејките го дадоа првиот гол и се расплакаа од среќа

Откако изгубија рекордно високо 64:0 од Унгарија, корејските ватерполистки денес играа против Русија. Изгубија 30:1, а историскиот гол кој го дадоа го прославија како да е шампионски.

Најголемиот малер на Вимблдон

Иако остана во сенка на историскиот дуел Ѓоковиќ-Федерер, финалето на Вимблдон во двојки во машка категорија беше многу интересно за гледање. Одново, како пред 9 години, најголем баксуз на турнирот беше Французинот Никола Мау.

Луд рекорд во Формула 1 пит стопот

Гран прито на Велика Британија го одбележаа не само рекордните времиња на извозени кругови на патеката Силверстоун во квалификациите и историската шеста победа на Луис Хамилтон, туку и луд пит стоп.

Коментатор на месецот

Ја паркирал колата во близина на стадионот на кој се играл крикет за да го коментира мечот, па се чудеше кога му го оштетија кровот по еден удар.

Унгарски ватерполистки ја победиле Јужна Кореа 64:0

На Светското првенство во водни спортови 2019 кое се одржува во корејски Кванџу, унгарските ватерполистки поставија рекорд кој тешко некој да го урне во догледно време. Шеесет и четири пати ја погодија мрежата на Јужнокорејките кои склопиле екипа на еден месец пред Купот.

Ѓоковиќ: „Поздрав до Македонија, доаѓам да го видам Охрид“

Откако по страшна битка со Федерер (цели пет часа) го освои својот петти трофеј на Вимблдон, српскиот тенисер одговори на едно новинарско прашање и пројави голема желба да дојде во Охрид.

Во историско финале, Ѓоковиќ ја одбрани круната на Вимблдон

После петчасовна борба на титаните, Новак Ѓоковиќ го совлада Федерер во пет сетови - 7:6 (5), 1:6, 7:6 (4), 4:6, 13:12.

За една епска тениска класика на Вимблдон која ќе се повтори по 11 години

За некои ова е најјакиот натпревар во историјата на тенисот меѓу две легенди кои пак сметаат дека го створија најголемото тениско ривалство евр. Ова нивното беше неповторлива битка и единствена по многу основи.

Девојката што ги удри темелите на Ултимејт фризби во Македонија

Теренот е како на американски фудбал, начинот на игра како кошарка без тапкање, се размислува како за европски фудбал, движењата се ракометни, одбраната е како на одбојка, а положбата на телото при фрлање како на тенис. Гледајте, читајте, научeте па и пробајте.

Девојче, не си ти за дубл, батали

Во нецела недела, Летонката Јелена Остапенко (22) направи 3 глупости при сервис. Прво во женски дубл намерно ѝ сервираше директно во тело на Ализ Корне, а во меѓувреме во мешани двојки, два пати му ја скрши главата на партнерот Роберт Линдштед од Шведска со удари над 120 км/час.

Срцето на еден шампион по име Иџе Стефановски

Најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, како и најдобар спортист на Македонија за 2014-та година. Да е само тоа. Иџе е и двократен освојувач на Европското првенство на ридски патеки и тоа две години по ред 2014-та и 2015-та и наша гордост на оваа спортска цена веќе со години.

Чичо да ви покаже како се игра тенис на 63 години

Вимблдон е тениско шоу број 1 по сите основи. Кај имаме привилегија да гледаме како меле триото Федерер-Надал-Ѓоковиќ, а најмладиот од нив има 32 години, пазете што се случува на мечевите каде се натпреваруваат легенди. Французинот Мансур Барами одамна е пензиониран тенисер, ама кој би рекол. Губиш многу ако не го поканиш него на вакви ревијални средби.

Имаме златно дете во таеквондо по име Горјан

Читател ни прати писмо, ама не од оние проблематичните на кои сме навикнати, туку од убавите на кои се радуваме. Се работи за дете кое активно тренира фудбал, а паралелно освојува медали во сосема поинаков спорт кој нема допирна точка со фудбалот.

Новак ја рокна „Македонско девојче“ во Лондон

Откако го мина третото коло на Вимблдон, Ѓоковиќ се вклучи во живо на Инстаграм за да се подружи со фановите. На Македонците им направи голем ќеиф, ја запеа „Македонско девојче“ и посака да е во Охрид.

Најбезобразниот сервис во женска конкуренција на Вимблдон

На еден дубл во женска категорија меѓу Јелена Остапенко и Вероника Кудерметова против Ализ Корне и Петра Мартиќ, онаа најпрвата именувава сервираше директно и намерно во Французинката, освои поен и се смешкаше ко ништо да не било. Ама џабе тој покварен сервис, на крајот Корне и Мартиќ славеа со 4:6; 6:4; 6:3.

Решена мистеријата за атлетичарот за кој мислеа дека градел пирамиди во Гиза

Нималку не е добро кога се прават шеги на сметка на нечиј надворешен изглед, но честите случаи од Африка со лажирање документација за раѓање (или воопшто немање никакви документи) придонесуваат светската јавност да крои анегдоти за атлетичарите од црниот континент.

Ник Кирјос - пакосен морон уште од мал

Мајка му на Ник Кирјос неодамна постирала фотографија од син ѝ на мали години и напишала: „Тој не јадеше погрешна храна, само јадеше премногу добра храна. И поради тоа што беше буцко, го маваше топчето силно и прецизно, секогаш во аголот од теренот за да не мора да трча назад“.

Фрустрација на денот

Рафаел Надал го елиминираше Ник Кирјос од Вимблдон со триумф од 3:1, ама Кирјос не е Кирјос ако не се изглупира со некој потег. На ваков велепен турнир, фати да го удира Рафа со топчето директ во тело. Најјакото е што потоа на пресот признал дека било намерно и дека нема ни да му се извини. Каква цепаница.

Валентино Роси паѓа од мотор три трки по ред, дали се гледа крајот на кариерата?

Во кариерата на „Докторот“ се случува сосема невидена појава со хаварии на трките. Минатата недела на трета трка по ред падна од мотор и како полека да крева бело знаме.

Падна поенот на турнирот, уште во прво коло на Вимблдон

Пабло Куевас vs Дамир Џумхур 3:2 во прво коло на Вимблдон. Босанецот во еден момент го лобуваше Уругваецот доста искусно за сигурен поен. Арно ама Куевас во тој момент реши да се претвори во Федерер.

Двајца маратонци се договараат кој да победи

И двајцата стигнаа на целта, ама проблемот е што само еден може да биде прв. Ајде тогаш за да нема љутиш одиме со игра од детството : Лист, камен, ножички.