Разно

Па и не е баш некоја фора вака да сервираш

Александер Бублик од Казахстан се обиде да го изненади Лоренцо Сонего на турнирот во Истбурн, ама повеќе нас не изненади, а го насмеа коментаторот.

Трансродова личност испишува историја како прва натпреварувачка на Олимписки игри

За точно еден месец од денес, Токио ќе биде домаќин на одложената Олимпијада и се очекува да прими 11.000 спортисти од 205 земји. Меѓу нив ќе биде и еден поранешен маж, кој ќе се натпреварува во женска категорија.

Многу причини за радост - два гола, два милиони денари од Моцарт

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но и одличен износ во хуманитарни цели.

Хрватска за Македонците: Најљубезниот народ во Европа

Gol.hr нè спакува на ептен симпатичен начин во убава и богата репортажа од 5 минути и тоа со пар реченици за Александар Македонски, Кочо Рацин, Мајка Тереза, Дарко Панчев, Тоше Проески и Горан Пандев. Инспирација им е историскиот успех на фудбалерите.

Дали сте експерт за типување?

Прворангираниот експерт за типување со најмногу погодени тикети, ќе освои 150.000 денари и подарок официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека второрангираниот и треторангираниот ќе освојат одделно 60.000 денари и 30.000 денари вклучително и официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Најлудиот Арап кој навива за Ѓоковиќ

Човекот беше во огромно исчекување и под страшен стрес уште додека траеше последниот поен на Новак во финалето на Роланд Гарос, а потоа се ослободи и ги повреди гласните жици.

Белград гори, Новак сам го запали огнометот и го почна славјето

Стандардно, како и претходните големи успеси, така и овој на Роланд Гарос беше одбележан пред ресторанот на Ѓоковиќ во друштво на неговите родители и еден куп негови фанови. Журката беше зачинета со жива музика и спектакуларен огномет кој го лансираше човекот кој го нокаутираше Циципас по негатива од 0:2 и стигна до Гренд слем број 19 во кариерата.

Дводецениското патување на најлудото тениско трио

Не постојат зборови со кои може да се објасни доминацијава, бидејќи ова нивното е лудо и неповторливо. Па од 30 годишна возраст до сега, Новак има 7 Гренд слем титули, Рафа 6, Роџер 4. Како ли издржуваат уште и тоа на тронот и што после нив? 20 години тениска опсада - 59 Гренд слем титули заедно. Неверојатно.

Детето кое го доби шампионскиот рекет од Новак полуде од радост

Лудачкиот пресврт на Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос, посебно ќе го памети едно дете од трибините кое се однесувало како тренер спрема српскиот ас, кој објасни зошто се одлучил да му го подари токму на него.

Неверојатните подвизи и рекорди на Ѓоковиќ - станува ли најголем во историјата?

По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.

Новак експлодираше за победата вредна полуфинале

Не дека прв пат го гледаме во вакво издание, ама откако публиката во Париз ја набркаа поради полициски час, неговото урлање на крај се слушна многу појако. Ѓоковиќ го совлада Беретини со 3:1, а во полуфинале го чека мега пресметка против Надал кој е крал на Ролан Гарос со 13 титули.

Параглајдерист слета на сред меч и доби жолт картон

Остајте вие Европско и гледајте во Полска што се случува. Ама одите директ на 4:40 на видеото. 

Флојд Мејведер креваше галама, но на крај не совлада еден Јутјубер

Долгогодишниот светски шампион Флојд Мејведер и јутјуберот и блогер Логан Пол доцна синоќа боксуваа дури осум рунди и на крајот победникот не беше прогласен затоа што се работеше за егзибициски, ревијален меч.

Со цело срце за Вас! Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки

За сите голови што нè донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација во име на цела земја, Скопско на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата: „Со цело срце за вас“.

Васил Тупурковски доби пиво 83:82 во чест на еден култен меч

Како пургерски Македонец му предал шибенско пиво на поранешниот претседател на кошаркарскиот сојуз на Југославија...

Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години

Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери, Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија склучија Договор за спонзорство за наредните три години.

Кој ќе си „заработи“ Пежо од Sport Life

Висината на вкупниот погоден коефициент на еден добитен тикет ќе го одреди победникот и добитник на едното возило, додека второто возило е за носителот на тикетот со највисок погоден вкупен коефициент, на кој има еден промашен пар.

Тениски судија падна од столче на турнирот во Рим

За време на паузата меѓу гемовите на мечот меѓу Марин Чилиќ и Александар Бублик, судијата Грег Аленсворт при обид да се спушти од столицата, незгодно падна и среќа се додржи на време.

Македонија го доби првиот таеквондист на Олимписки Игри во историјата

Од првото историско учество на македонски спортисти на Олимписки игри сме немале учесник во таеквондо. Овојпат Дејан Георгиевски направи подвиг во квалификациите и обезбеди виза за летниот спектакл во Токио кој цел свет го очекува.

Лозари Исток добија своја лименка!

Наше македонско пиво за 30 години постоење на кавадаречките навивачи!

Новак Ѓоковиќ на експедиција во босанските пирамиди

Најдобиот светски тенисер по трет пат го посети култното место во Босна и Херцеговина. Претходно таму беше со родителите и сопругата а сега ги понел и децата. Водич му беше познатиот Семир Османагиќ.

Детската љубопитност на Мухамед Али немала крај

На една од најголемите спортски фигури на 20-ти век изгледа не му ја дале да ја прочита легендарната книга „1000 зошто, 1000 затоа“, па ја гњавел мајка му како мал.

Еднаш Ѓоковиќ ги соблече шорцевите пред Надал и така почна големо ривалство

Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.

Пример за уништување на македонскиот автомобилизам со лечење комплекси

„Дали треба да возам со лиценца од друга држава? Вака ли го промовираме македонскиот спорт? Вака ли ги негуваме и ги штитиме талентите во македонскиот спорт? Вака ли го развиваме македонскиот спорт?“