На последната трка во 2020-та во СуперБајк Еволушн, возена на автодромот „Ајртон Сена Интернационал“ во Гојаниа, Бразил се случи најголемата глупост во спортот годинава.
Френк Санчез го победи Хулиан Фернандез со нокаут во 7. рунда, откако вториов спушти гард и го провоцираше Санчез. Ама тоа во боксот не проаѓа лесно, па Фернандез заврши надвор од рингот.
Корине Сутер (26) од Швајцарија е победничка на првиот спуст од годинешниот Скијачки куп во Вал Д'Изе. Сутер заврши пред Софија Гоџа од Италија и Бризи Џонсон од САД. Но трката остана во сенка на страшниот пад на Никол Шмидхофер (31) од Австрија која се заби во заштитната ограда со 110 км/час.
Бокс мечот на годината кој беше планиран уште за јуни, но се одложи од познати причини, конечно доби свој епилог. Во интересен дуел, Британецот Ентони Џошуа го нокаутираше Кубрат Пулев пред 1.000 гледачи во ССЕ Арена во Лондон.
Пилотот на „Хаас“, Роман Грожан го посетил меѓународниот аеродром во Бахреин каде се сретнал со луѓето кој му спасија жива глава во страшната хаварија минатиот викенд.
Пољаците измислија нов спорт, нешто како буткање на рака. Ако можело на Олимпијада некогаш да има тегнење со јаже, зошто да не помине и оваа дисциплина?
Створи големо богатство и не му е проблем, но за ова треба да се има и великодушност. Светскиот тенисер број 1 направи гест број 1 во својата земја и им обезбеди беслатни подготовки во својот тренинг центар на сите тенисери.
Грозна била, ќе ја сечеле со пила, тешко било да влезат во болидот поради неа и не знам ти уште какви критики немаше од Ф1 возачите за шипката без која Грожан денеска ќе беше минато.
Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бахреин, но сите зборуваат за опасната несреќа во која Роман Грожан со голема брзина удри во оградата и од пожар успеа да се извлече жив и речиси потполно здрав.
Мајк Тајсон и Рој Џонс Џуниор ноќеска ја имаа својата егзибиционa пресметка во Лос Анџелес. “Железниот“ уште е језив, а тоа најдобро може да се види на ова најкоментирано и најсподелуванo видео од дуелот.
Мечот кој требаше да биде ревијален, синоќа во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес, поприми размери на мошне сериозен бокс. Немаше победник, мечот заврши со реми 76-76.
На 29 ноември ќе се одржи долго очекуваното враќање на Мајк Тајсон во рингот. Во Лос Анџелес ќе боксува против Рој Џонс, а поради сериозната возраст на двајцата, Атлетската комисија во Калифорнија сакала да ги менува правилата. Двајцата не сакале да слушнат.
Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.
Мајк Тајсон на времето уриваше не само спортски рекорди (најмлад и апсолутен светски шампион во историјата на тешка категорија), но и финансиски. Викендов сабота спрема недела после цели 15 години ќе се врати во рингот и ќе боксува против стар ривал.
Со оглед на нејзиниот богат беграунд, за Нада Рочевска потребна е поопширна најава. Ако со некој сакате да поразговарате на тема Олимписки игри, таа е вистинската личност бидејќи олимпизмот и е религија. Овој пат нашиот разговор е за друга интересна тема.
Арон Канет (21) само чудо го спаси да не настрада на лице место за време на квалификациската етапа од серијата Мото2 во португалскиот Портимане. Канет изгуби контрола над својот мотор и падна на патеката каде летаа колегите со страшни брзини.
Најголемиот локал патриот меѓу германските фудбалери, Лукас Подолски му се враќа активно на спортот, само што сега некогашниот прославен фудбалер ќе игра хокеј.
Коронавирусот и натаму не ја пушта планетата нормално да живее, но постојат земји каде луѓето лека-полека се враќаат кон нормалниот живот (или бар се обидуваат). Рекордна посетеност во време на пандемија во Австралија.
Марија Шурочкина и Влада Чигирева се руски пливачки кои доминираат во синхонизирано пливање. Тие се 11 кратни светски прваци, како и освојувачи на златен медал на Олимписките игри во Рио 2016. Видеото има една маана. Трае само 40 секунди, а се шампионки и на суво.
Спортистите тврдат дека тоа не го прават самоиницијативно, туку дека им сугерираат фотографите за кадарот да биде овековечен и поинтересен.Ама некои кршеле заби од медалите.
Пред 10 години, Рафаел Надал ја одигра можеби најдобрата сезона во кариерата. Стана првиот тенисер во историјата кој освоил Гренд Слем на три различни подлоги во една календарска година. На почетокот на оваа година учестуваше во спот за големиот хит на Шакира.
Светскиот рекет број 1 го бива за шампионски потези и кога не држи рекет в раце. На Петар од Македонија кој е негов навивач и кој има аутизам, срцето му го исполни со само еден клип.
Неколку француски фудбалери би можеле да изгубат место во репрезентацијата поради лајкови на инстаграм. Пред сите стоперот и дете на ПСЖ Преснел Кимпембе и Јусеф Атал од Ница.
Новак после 2 часа и 9 минути го победи Борна Чориќ во 2. коло на турнирот во Виена со 2:0 во сетови (7:6 (13:11) и 6:3). Светскиот рекет број 1 леташе по теренот на дуелот кој се играше пред публика во Австрија и 6-та година во кариерата ќе ја заврши на 1. место на светската листа.