Колку да нема забуни со насловот, Стефан Козлов е роден на 1 февруари 1998-ма во Скопје. Тој има руски родители, татко му Андреј Козлов е поранешен тенисер кој едно време работел во армија, а подоцна со семејството емигрирал во САД. Козлов-постариот сега е тренер на син му кој направи големо изненадување во Акапулко.