Новак Ѓоковиќ славеше против Данило Медведев со 2:1 со што обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Торино. Видеото кое најмногу кружи од тешката тричасовната битка е моментот кога Србинот седи исцрпен и се тресе од умор.
Најдобрите снукер играчи во моментов играат на Отвореното првенство на Велика Британија каде се комплетира четвртфиналето. Кајрон Вилсон не извади карта за таа фаза зошто изгуби од Марк Ален со 6:3 но Вилсон ќе се памет по најчудниот и најневеројаниот потег на целиот турнир. Гледачите беа во чудо.
Тара има 5 години а Стефан има 8 години. И двајцата деновиве се во Торино каде на Завршниот мастерс на најдобри светски тенисери го следат татко им кој оствари две победи на првите два меча.
На мечот од првото коло меѓу Ѓоковиќ и Циципас на Завршниот мастерс во Торино каде играат најдобрите светски тенисери, режисерот во еден момент во кадар го даде тренерот на Јувентус, Макс Алегри. Го исвиркаа поединци. Дали навивачи на Торино дали на Јуве кој ќе го знае.
Маратонците важат за едни од најздравите спортисти кои во пракса треба со чоколадо да берат памет, а не па со тутун. Чен не мисли така и ја тера по свое, ама не ги прекршува правилата.
Новак Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да стане прв тенисер со 7 трофеи на Мастерсот во Париз, откако загуби од младиот Данец Холгер Руне. На Твитер се појави снимка од полуфиналниот меч против Циципас, на кој неговиот тим скришно спрема пијалок во шише и му го праќа преку едно од девојчињата задолжени за собирање топчиња.
Мастерсот во Париз останува еден од четирите престижни турнири кои Надал никако да ги освои. Загуби неочекувано уште во второ коло од Томи Пол со 2:1. Кај загуби, па уште и не го познаа на врата.
Ѓоковиќ во второто коло од турнирот во Париз го совлада незгодниот сервер Максим Креси со 2-0 во сетови 7?6 и 6:4 и се пласираше во следна рунда каде го чека Карен Хачанов. Српскиот тенисер веднаш после мечот им се приклучил на децата задолжени за топки кои играле пинг-понг.
Фотографијата од натпревар во американската колеџ кошарка го обиколи светот. Еден од подобрите тимови во оваа лига, Кентаки Вајлдкетс ги има и најверните навивачи меѓу кои се и едни татко и син.
Американскиот возач Рос Честејн во последниот круг од плејофот во НАСКАР Купот, вози на десетта позиција и се соочува со елиминација од трката за сезонската титула. Во еден момент се решава за лудо сценарио. Гас до даска и покрај ограда. Резултатот на крај? Од десетти завршува петти со што останува го игра за титулата.
Шест месеци по осудата за финансиски малверзации, трикратниот освојувач на Вимблдон и доскорашен тренер на Ѓоковиќ им предава физичко на “колегите“ во затвор. Што и не им е баш по ќеиф.
Српскиот тениски ас е во Париз каде ќе брка седма титула на мастерс турнирот „Ролакс Париз“ (29 октомври - 6 ноември). Излезе да џогира во парк и како прав машки џентлмен и се најде на една возрасна жена која се амбицираше со куферите. Каков човек.
Што ти е домашен терен, ги затвори очите, точно ги менуваше бризините и не промаши ниту еден свиок. Имаме еден круг со мексиканскиот возач Серхио Перез, во пресрет на трката за Големата награда во Мексико сити. Беспрекорно извозено мајсторе.
Беноа Пер е познато име во светскиот тенис. Триесет и три годишниот Французин роден во Авињон има пристојни резултати веќе неколку години наназад и е редовен учесник на најголемите турнири. Само има проблем со константноста, понекогаш не може да се носи со големиот притисок и знае да губи добиени мечеви. Дошол на тренинг во францускиот прволигаш Брест каде покажал неверојтно чувство за фудбал и пеколна левица.
Светскиот рекет број 49 го бива за хумор. За време на пензионирањето на Роџер Федерер направи спрдња на своја сметка. Еве го сега со нова, која кој знае како ќе ја сфати еден познат фудбалер на Арсенал.
Голем активист на анти-воените мирољубиви движења и демонстрации во САД, боксерот морал неколку пати да се појавува на суд за тоа што одбивал „да пука во Виетнамци кои никогаш ништо лошо не ми направиле“.
Еден голем обожавател на легендарниот Роберто Баџо бил пресреќен кога го начекал „малиот Буда“ случајно па пат. Му побарал да му се потпише на неговата Фиат Панда.
Честа појава е на Ф1 трките и на оние мотоциклистичките во егзотичните земји да се појави некое локално животно. Во Австралија одвреме-навреме скока по некој кенгур, а еден валаби (вид на кенгур) ќе направеше страшна хаварија на патеката „Филип Ајленд“ кога претрча пред Шпанецот Алеиш Еспаргаро кој возел 218 км/час на денешниот тренинг пред неделната трка.