Разно

Чекајќи ја Јулија

Украинката Јулија Левченко има 26 години, 9 освоени медали на разни младински и сениорски натпреварувања во дисциплината скок во височина, но и фали олимписки медал. Да и го посакаме.

Јокиќ не дише кога игра Ѓоковиќ

Снимката не е од Олимпијада, бидејќи на видеото го има тренерот на Денвер, Мајк Мелоун. Но сепак интересно е да се види со колку голема страст еден врвен спортист, навива за друг врвен спортист и сонародник.

Пресвртница во случајот со Имане Келиф, се појавија слики од дете

Се крена голема врева околу алжирската боксерка на Олимписките игри и како што стојат работите, сепак не е маж.

Синхронизација на денот, вредна златен медал

Авторки на неверојатниот перформанс се Чен Јукси и Куан Хонгчан од Кина, кои го освоија, се разбира златниот медал во нуркање.

Италијанска боксерка за 45 секунди го напушти рингот против трансродовиот противник

Бокс дуел во Париз заврши за помалку од една минута со многу полемики околу тоа дали воопшто требаше да се одржи. Мечот го предаде Анџела Карини после два жестоки тупаници кои ги доби од Имане Кефил од Алжир, еден од двете трансродови лица кои ги одбија на Светско, но ги примија на Олимписките игри да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Кого пратија Турците, платен убиец?

Има 51 година, нема опрема, но го освои и среброто и светот и тоа во секунда, откако се појави во неконвенционално издание за една ваква спортска манифестација.

Мајкл Фелпс се радуваше на нов олимписки рекорд како за свое дете

Французинот Леон Маршанд ја оствари најголемата двојна победа во историјата на пливањето и тоа за помалку од два часа. Фелпс е воодушевен.

Специфична медицинска интервенција

Се вика Џимер Фредет, игра за баскет селекцијата на САД 3x3 и велат дека имал многу љубоморна жена.

Селфи на Јужна и Северна Кореја во Париз на кинеска иницијатива

Претставниците во пинг понг на двете соседни и не баш пријателски земји, во духот на спортот и олимпизмот, ги собира на заедничка фотографија, кинеската освојувачка на златен медал, Сун Јингша.

Кинез го урна светскиот рекорд на 100 метри слободно, коментаторите вриштеа

Голем ден за кинескиот спорт и Олимписките игри во Париз. Падна првиот светски рекорд во пливање и тоа доминантно.

Кој е поголем махер, сурферот или фоторепортерот?

Бразилецот Габриел Медина е трикратен светски првак во сурфање, кој веќе го заслужи златниот медал во Париз, заедно со фотографот Jerome Brouillet.

Го викаат рагби, а личи на кечери

Нестварна сцена ни доаѓа од рагби пресметката меѓу Велика Британија и Република Ирска. Човек да и е родител на супер херојкава, би било повеќе од препорачливо да смени канал за време на овој момент од мечот.

Најјаките 64 секунди до сега одиграни во Париз се во бадминтон

Прво што треба да знаете за овој спорт е дека рекордер по број на олимписки медали е Кина со вкупно 47 од кои 20 златни, а втора е Индонезија со вкупно 21 медал. На овие Олимписки игри во бадминтон има 173 натпреварувачи од 49 земји. Да видиме како тоа го прават Кинезите во мешани двојки против Франција, односно трикратните светски прваци, дуото Женг Сивеи - Хуанг Јачионг.

Паднаа на половите тестови на Светско, но ќе се натпреваруваат на Олимпијада

Се работи за двајца боксери кои на втори Олимписки игри по ред добија право да учествуваат како боксерки.

Том Пидкок не бил махер само на планински велосипедизам

„Убаво е да се гледа вакво самоуверено спуштање, зарем не, но сепак те остава со срцето во уста кога ја гледате брзинава“ вели коментаторот на Еуроспорт за Том Пидкок, за време на неговото лудачко возење на Тур де Франс во 2022 година. Инаку вчера во дисциплината Крос Кантри во Париз, со мајсторски потег го турна Виктор Корецки на второ место и го одбрани златниот медал од Токио.

Јака трка на 100 метри грбно

Возбудата во оваа трка и општо во секој сличен индивидуален спорт е што имаше голема неизвесност и што победи тој што не беше во предност при крајот. Американецот Рајан Марфи од прв, падна на трет, Кинезот Џиао Жур освои сребро, а зладниот медал заврши на градите на Италијанецот Томас Чекон, инаку светски рекордер во дисциплината 100 метри грбно со време од 51,6 секунди. Во Париз исплива за 52 секунди.

Тенисерка од Колумбија го виде Надал во живо и се укочи

22 годишната Марија Камила Осорио Серано, нема можност секој ден да биде и да се натпреварува на ист настан, каде што е и 15 години постариот од нејзе, великанот Рафаел Надал. И се поремети интервјуто кога го виде.

Шерифовски не успеа да изненади против светскиот првак во џудо

Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап.

Кога ќе лажеш во CV за да ја добиеш работата

Од Олимписки, се враќаме во Азиски игри, Сингапур 2015. Легендата вели дека уште го пече.

Французин остана без златен медал откако се заби во дрво

Планинскиот велосипедизам на Олимписките игри ни донесе трка со многу јак развој на крајот, но и голем кикс, клучен за конечниот резултат.

Италијански коментатор со жестоки критики за кафето во Париз и тоа во сред пренос

Ако на некој уште не му е јасно колку Италијанците обрнуваат внимание на кафето (и храната се разбира), нека слушне што зборуваше царов за време на пренос на ОИ. „Во прес центарот има кафе, кое веројатно го прават со водата од реката Сена“.

Да си поиграме малку мачката и глушецот

Не се ова Олимписки игри, туку трка под името „Sprint With The Stars“ или можност на деца пливачи да се тркаат на 50 метри со олимпиец.

Поенот кој ја одбележа битката на титаните

Ѓоковиќ лесно го суреди Надал со 2:0, но ќе беше уште полесно ако го немаше оној пад при водство од 4:0 во вториот сет. Ако треба да го избереме најатрактивниот поен кој му го зема на човекот кој царува на земјината подлога на Роланд Гарос со 14 трофеи, тогаш тоа е ова безобразно враќање, за кое и од противникот доби аплаузи.

Ѓоковиќ го збриша Надал во два сета и го исфрли од Париз

Кралот на земја има само 5 порази на Роланд Гарос на дури 117 меча. Три од нив му се од Новак Ѓоковиќ.