Разно

Има ли фризер на УС Опен?

Убавината на белиот спорт сигурно лежи во натпреварите од женскиот тенис, но во жарот на борбата тенисерките понекогаш забораваат дека со долга коса потешко се игра. Тоа се докажа на примерот на данската убавица, Каролина Возњацки.

Ждрепка за Лига на шампиони во 17:45

Нашиот единствен претставник во најелитното клупско европско натпреварување, Агим Ибраими ќе ги добие противниците во групите. Од спорт на тв ви препорачување тенис и плејоф меч од ЛЕ.

На УС Опен се зборува за Сиси Белис

Откако го воодушеви тенискиот свет со победата против Чибулкова, 15. годишната тенисерка од Калифорнија стана најпријатното изненадување на Флешинг Медоус годинава.

Македонија - Белорусија (МТВ 3)

Од спорт на ТВ за денеска го имате последниот кошаркарски квалификациски меч на Македонија, реванш средби од плејофот во Лигата на шампионите и тениски натпревари на отвореното првенство во Њујорк.

Аплаузите на УС Опен ги собра пчела

Во најинтересниот дуел од женскиот дел на американскиот Грен Слем доцна синоќа, славата на Венус Вилијамс од САД и Јапонката Кимико Дате им ја собра неочекувана гостинка.

Небезбедна коментаторска позиција

Бејзбол топчињата обично завршуваат кај Зак, но ова фати друг правец каде за малку ќе имаше и повредени. Најјака е реакцијата на третиот чичко во кабината на 0:22.

Селтик - Марибор

Од спорт на ТВ денес ви ги препорачуваме реванш средбите од плејофот во Лигата на шампионите, тенис УС Опен и пријателски кошаркарарски натпревар како увертира за СП во Шпанија. 

УС Опен е златна шанса за Федерер

Во ситуација кога Надал е повреден, Ѓоковиќ и Мареј си ја бараат формата, а Димитров и Раониќ не се на негово ниво, Швајцарецот има големи шанси за 18-та Грен слем титула во кариерата.

Велосипедисти што мислат на физика

Спринтерските трки во велодромски велосипедизам не се базираат само на тоа кои ќе извози побрзо. Се возат три круга, од кои во првите два има повеќе тактика, успорување и меѓусебно меркање. Борбата за второто место се до последниот спринт најмногу е заради законите на физика, аеродинамика, отпор на воздух и слично. Еве како изгледа кога двајца велосипедисти се надмудруваат кој ќе биде поспор.

Манчестер Сити – Ливерпул

Понеделничката понуда изненади со богата фудбалска програма во која ви предлагаме англиско и турско дерби, натпревари од шпанско првенство и прегледи со голови.

Сè уште е за неверување колку Болт е подобар од сите

6 години по експлозијата што ја направи во Пекинг 2008-та, се уште е хипнотизирачки да го гледаш Болт колку многу е подобар од сите останати (кои и сами по себе се одлични спортисти). Последново е од митингот во Варшава, каде истрча 100 метри за 9,98 секунди.

Рикардо ја освои Белгија

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо оствари извонредна победа на трката за Големата награда на патеката Спа Франкошамп, и стигна до третиот триумф оваа сезона во Формула 1.

Македонија - Данска

Од спорт на тв, денес ви го препорачуваме претпоследниот квалификациски дуел на нашите кошаркари за Еврошампионатот во Украина, потоа трка од Формула 1 и неколку фудбалски натпревари меѓу кои настапот на Николче Новески со Мајнц.

Атлетико Мадрид - Реал Мадрид

Како увертира на тоа што следува викендов, од спорт на тв за денеска ви најавуваме три фудбалски натпревари, меѓу кои реванш финалето од шпанскиот Супер куп.

Малерозниот УС Опен на Надал

Шпанскиот тенисер од година во година има сè посложен однос со последниот голем турнир во годината, кој нема да биде во можност да го брани поради повреда на зглобот на раката. Борбата на Флешинг Медоус терените почнува на 25. август.

Реал – Атлетико Мадрид

Од спорт на тв за денеска ви предлагаме само фудбал. Пет плеј-оф средби од најквалитетното клупско европско натпреварување и шпанското градско дерби.

На 17 години ќе вози во Формула 1 за Ред Бул

Холанѓанецот Макс Верстапен ќе биде најмладиот пилот во историјата на Ф1, откако тимот на „Црвениот бик“ соопшти дека од 2015. година тинејџерот ќе му биде партнер на Русинот Даниил Киват.

УС опен ќе се игра без бранителот

Рафаел Надал го откажа учеството на отворено првенство во САД поради повреда на зглобот на раката.

Барнли – Челси

Понеделничката понуда со спорт не е богата, па затоа ви предлагаме да се изнагледате голови во прегледот од силните европски лиги, како и некој останат фудбалски меч и малку атлетика.

Лактање на велосипедска трка

Ники Терпстра и Мартин Винантс се покажаа како недисиплинирани велосипедисти кои фатија да се гураат на една угорнира на Енеко Тур во Белгија и Холандија. Откако надлежните ја прегледаа снимката Терпстра го дисквалификуваа, а Винантс го казнија со една минута. И двајцата ќе мора да платат казна по 200 швајцарски франци (165 евра).

Федерер ќе игра за шестиот трофеј во Синсинати

На турнирот кој се смета за предигра на УС Опен, Федерер повторно покажа дека игра во одлична форма. Швајцарецот во финалето ќе игра против Шпанецот Давид Ферер, кој имаше нешто полесен пат до последниот дуел од АТП Мастерсот во Синсинати.

Вардар - Металопластика и Металург - Азоти

Од богатата петочна спортска понуда ви ги издвојуваме настапите на Вардар и Металург во Струга, четвртфинале тенис во Синсинати, Европско првенство атлетика и неколку фудбалски натпревари.

Рагби тепачка 15 на 15

Натпреварот меѓу Рајдерс и Коубојс требаше да биде пријателски, но само еден груб старт го расипа карактерот на мечот кој се претвори во тепачка со 30 играчи.