Разно

Борусија и ПСЖ донесоа профит, Ливерпул разочара

Во изминативе седум дена на Типстер шест меча донесоа профит од над 2.000 кредити.

Две футсал акции во Иран со жени

Бараме доказ дека навистина сте жени. Озбилно.

Волшебникот од Валбом

Футсалот станува сè повеќе популарен со ЕП на кое разлика прави еден човек. Има 30 години, се вика Рикардињо и доаѓа од Португалија. Притоа е најдобар играч на светот во овој спорт.

САД се веселеа, Денвер е шампион

На јубилејниот 50. Супербоул во Санта Клара, Денвер Бронкос со неверојатна одбрана го совладаа тимот на Каролина Пантерс 24:10 (10:0, 3:7, 3:0, 8:3).

Португалски мајстории од салите во Србија

Селекцијата на Португалија тренира релаксирано во пресрет на мечот со домаќинот Србија на Европското првенство во футсал на кое ние не играме. За тоа тоа се погрижи Рикардињо, најдобриот футсал играч во светот за 2010-та.

Сте гледале ли пинг понг со глава?

И ние не сме гледале. Нема рекети и не се игра со мало топче, туку тоа оди вака.

Кога сакаш да научиш да бордаш и скијаш

Најголема мотивација за оние кои допрво се канат да застанат на скии или на сноуборд, а не умеат е 1-годишно бебе од САД кое борда како да има години и години искуство во овој спорт.

Како се изведуваат пенали во Гватемала

Гватемала игра футсал натпревар против Панама. Гватемала шутира пенал против Панама. Гватемала изведе мангупски пенал против Панама.

За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.

Амбициите на Ѓоковиќ во 94-та

Двајца клинци седат на муабет, односно едниов му прави интервју на другиов кој зборува за тенис, неговите тренинзи и целта која планира да ја постигне со овој спорт. Што велат денеска тие кои тогаш го гледале ова видео.

Сите Гренд слем титули на Ѓоковиќ

Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.

Ујдурмите со вешот на Австралија Опен

USA Today успеал да дознае како учесниците на Австралија Опен често имаат проблем со добивање грешни пакети испран веш, пракса која бесплатно следува само на Грен Слем турнирите.

Син му на Снајдер знае кај е најубаво

Холанѓанецот беше дел од славната генерација на Интер која што ја освои тројната круна со Мурињо во сезоната 2009/2010. Пехарот од ЛШ му се најде на син му кој си игра внатре во него.

Учинокот на Новак против Топ 4 играчите

Се денешниот убедлив триумф над Федерер, Ѓоковиќ има подобар меѓусебен учинок од Швајцарецот, но не само од него. По овој подвиг, приоритети му останувааат Ролан Гарос и ОИ во Рио де Жанеиро.

Ноле знае како со децата

Флертот со фановите, оној спортскиот е многу важен за да направиш да те засакаат. И да беше 50 места подолу на рангот на АТП, најдобриот тенисер во светот со ваков пристап сигурно ќе беше магнет за оваа млада публика која живее за вакво внимание од нивните идоли.

“Собрани дела” – од Стеф Кари и Голден Стејт Вориорс

Се игра природна кошарка, со технички феноменални играчи кои сиот свој талент го демонстрираат пред сè умствено, а не физички и многу често доведувајќи ги до лудило нивните противници со погодени шутеви преку рака или од мртов агол. Првиот стрелец во лигата е заслужено кандидат број 1 за МВП, игра 30тина минути и постигнува исто толку поени.

Мухамед Али го продава кампот во Пенсилванија

Дер Лејк, познатиот тренинг камп и музеј на легендарниот боксер се најде на продажба, а цената изнесува 495.000 долари. Во него преку постери и разни предмети сè уште е присутен Мухамед Али.

Парадата на летечкиот Гаел Монфис

Францускиот тенисер со 3-1 во сетови го совлада Кузнецов на Австралија Опен, а мечот го одбележи најдобриот потег на турнирот досега.

Бугарите би рекле еротически спорт

Настаните од спортските борилишта понекогаш свесно или несвесно знаат да ја скокотнат фантазијата на обичниот гледач.

Отворено писмо од Мурињо до Манчестер Јунајтед

Навивачите и генерално јавноста во Англија се фрустрирани од ужасните настапи на Манчестер Јунајтед под водство на Ван Гал и ја користат секоја прилика да го препорачаат Мурињо за нов тренер. Според некои, Специјалниот веќе пратил писмо до Олд Трафорд.

Кирјос се јави на мобилен на сред натпревар

Австралискиот тенисер уште еднаш стигна во центарот на вниманието со глупост. Откако лани го навреди Стен Вавринка на сред терен, сега реши да се јави на мобилниот телефон на сред натпревар.

Денот кога Австралија се радуваше на Вимблдон

Лејтон Хјуит е четвртиот австралиски тенисер кој успеал да го освои Вимблдон откако турнирот се игра на отворено, а тоа се случи во 2002-та кога имаше 21 година. Синоќа пред своја публика и стави крај на кариерата со пораз од Ферер, но и со потег како да имаше 21.

Јуначки поен за крај на кариерата

Тенисот денеска останува без според многумина најдобриот австралиски тенисер во историјата кој по две децении кариера ги остава рекетите во шупа. Во неговиот богат хајлајтс од кариерата влегува и еден мајсторски поен од последниот меч за кој се окози да го освои.

Реваншот Кличко - Фјури во мај

Реванш дуелот за титулата светски првак во тешка категорија веројатно ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во мај.