Разно

Олимписко злато после проблеми со наркотици, алкохол и психа

Во 2000-та во Сиднеј како незрело момче го освојува златото за Америка во пливање. Набрзо паѓа во тешка депресија и три пати „се ракува“ со смртта поради предозирање со дрога, алкохол и апчиња за смиурвање. 16 години подоцна се качи на подиумот како најстар освојувач на злато.

Новиот светски рекорд на 400 метри

Додека Болт направи хет-трик во златни медали на 100 метри, ноќ за паметење во атлетиката се случи и на 400 метри. Вејд ван Никерк од Јужна Африка победи со време од 43,03 секунди и со тоа му го сруши светскиот рекорд на легендарниот Мајкл Џонсон кој 17 години го држеше приматот со време од 43,18.

Златната убавица од Порторико

Моника Пуиг е тенисерката која на Порторико му го донесе првиот златен медал во историјата на Олимписките Игри.

Болт на 100 метри во Пекинг, Лондон и Рио

Дека е најбрз човек на планетата, тоа е јасно, само прашање е времето кое ќе го оствари. Со синоќешното финале на 100 метри, Усеин Болт испиша историја и стана прв атлетичар со три олимписки златни медали на оваа трка.

Ја знаете ли инспиративната приказна за Ерик Јагулата?

Прекарот му го дадоа медиумите откако неговото име за прв пат излезе во Тајмс на Олимписките игри во Сиднеј. Ерик исплива двојно побавно од тогашниот светски рекорд на 100 метри слободно, но тоа беше рекорд за неговата земја, каде што учел пливање од рибари.

100 метри слободен стил, 1896 vs 2012

Видеото е многу добро и ја вади накусо 116 годишната историја на резултатите во пливање на 100 метри слободен стил. Разликата меѓу освојувачот на златен медал на Олимпијадата во Атина 1896 и Лондон 2012 е 35 секунди или 42 метри. Каде ќе бидат границите ако вака напредуваат олимпијците?

Лејла, Лили и Лина

Не се секирајте не гледате тродупло. Ова е триото кое стигна до Рио. Првите три близначки во историјата кои ќе настапат на Олимпијада и за кои почнаа шеги меѓу фановите околу тоа како ќе ги разликуваат кога ќе стигнат на финишот од трката.

Ако сте за марихуана во спортот

Видеото е за оние кои сметаат дека спортистите треба да пушат трева. Светската анти-допинг агенција ги смени правилата и им дозволува на олимпијците, а постојат тврдења дека така стануваат поиздржливи и им се намалуваат воспаленијата. Фелпс и Болт имаат пробано.

Сите златни медали на Фелпс

На Олимпијадата во Сиднеј со 15 години стана најмладиот учесник од Америка во последните 68 години на ОИ, каде не успеа да освои медал и завршува петти. Една година потоа дава интервју на кое вели дека би било кул да освои еден златен медал.

Уште една паралела на Олимпијадите од 80 години

Лос Анџелес 1932 и Лондон 2012 овој пат со еволуција на скок преку јарец.

Исхраната на Фелпс во Пекинг 2008 и Рио 2016

За таа снага да ја нарани пред 8 години и да биде најдобар, јадеше по кило тестенини за ручек и кило за вечера, а појадокот да му се слоши на човек само што ќе го прочита. Сега не консумира ниту пола од тоа па пак е најдобар.

Прв ден во теретана, женска верзија

Колку и да чини да имаш сопствен тренер на фитнес, оваа жена мора да го има за да доживее втор ден во теретана. Во спротивно постои опасност да и пресудат теговите.

Четвртиот ден во Рио преку фотографски објектив

Рекорден 21. златен медал на Фелпс, чудна зелена боја на базенот за нуркање, пукање со пиштол на игрите, но и во автобусот на новинарите. 

Ти боксувај, а медалите одат кај мене

Мајкл Фелпс синоќа стигна до 20-ти и 21-ви златен медал на Олимпијадите откако победи на 200 метри пеперутка и на штафета 4x200 метри. Снимка од неговото загревање и она на колегата од Јужна Африка.

Најдобриот тим на Олимпијадата во 2032

Имаат извонреден талент и време од 834 недели за да се спремат тип топ за Олимписките игри во 2032. Домаќинот се уште не е познат, но дел од олимпијците ќе бидат овие.

Малку љубов во Рио

По церемонијата за доделување медали на првото женско финале во рагби во историјата на Олимписките игри, падна и првиот предлог за брак на оваа Олимпијада меѓу две девојки.

Како е да се биде родител на гимнастичарка

Али Реизман има 22 години, една Олимпијада зад себе онаа во Лондон каде освои три медали и е капитен на американскиот тим за гимнастика. Тоа воопшто не го намалува стресот кај нејзините родители кои ја гледаат во Рио.

Олимпискиот спортски комплекс во Сараево е претворен во гробишта

Пресметките велат дека во Рио ќе се фрлат 20 милијарди евра за Олимпијадата, сума на пари која човек не може да ја изброи со раце. Олимписките села и борилишта потоа стануваат пустош, а на некој му текнало и “генијална идеја“ за тоа што да направи со маскотите во Пекинг.

Магиите на маестрото за тенис

Две минути уживање со Роџер Федеред кој дефинитивно фали на Олимпијада и кој порави повреда се враќа дури во 2017-ма. Денеска полни 35 години.

Бабските финти се вратија на голема врата

Некои олимписки спортисти имаат црвени флеки на телото, исто како што сме имале ние кога не болело врат или кичма, а прва помош сме добиле од баба и дедо.

Хероината од Косово која освои златен медал

Џудистката од Косово, Мајљинда Кељменди изјави дека го остварила својот животен сон со освоеното злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро каде стана хероина на вториот натпреварувачки ден.