Исидора Черуло која е дел од рагби селекцијата на Бразил беше изненадена од волонтерката Марџори Ениа која прво почека да заврши доделувањето на медалите, а потоа ја изненади својата партнерка.
„Веднаш штом дознав дека ќе биде во составот, знаев дека треба да направам нешто специјално. Знам дека рагбистките се неверојатни и дека ќе го прифатат тоа“, изјави Ениа.
Двојката е во врска две години.
„Таа е љубовта на мојот живот. Олимписките игри ќе завршат за некое време, но за мене ќе почне нов живот“, рече Исидора.
Исидора Черуло е растена во Северна Каролина и има двојно државјанство, бразилско и американско. Таа никогаш претходно не живеела во Бразил и реши да се пресели заедно со Ениа во Сао Паоло пред игрите за да се фокусира на рагби селекцијата.
Според некои информации, на Олимпијадата во Рио има минимум 45 геј (мажи и жени), бисексуалци и трансродни лица, како и тројца тренери. Некои од нив се дел од Параолимпијадата.