Разно

Тажната сторија за италијанскиот велосипедист и неговиот папагал

Италијанскиот велосипедист Микеле Скарпони кој е шампион на Џиро д’Италија во 2011-та, во саботата настрада трагично. Од него се простиле сите блиски пријатели, роднини и колеги, но и неговиот верен другар - папагалот Френки.

Илија Настасе - Најголемиот цреп во светскиот тенис

Романецот Илија Настасе, на времето еден од најдобрите светски тенисери, сите трофеи и успеси ги фрла во вода со идиотско, расистичко, сексистичко и скандалозно однесување.

Осврт на деветнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Ѓорѓи Иванов од екипата на Систина со 7 гола е најдобар стрелец на колото во Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Раде Кончар.

Русин го нападнал автобусот на Дортмунд за берзански акции

Германската полиција синоќа уапсила Русин со германски пасош поради основано сомневање дека на 13. април го организирал бомбашкиот напад. Причина? Сакал да профитира на берзата од падот на акциите во Дортмунд а го осуетила банка.

Ни ФИФА за Плејстејшн не е тоа што беше

Последното издание на видео играта ФИФА 2017 има неколку промашувања кои ги правдаат со големиот број новитети, опции, елементи.

ЈСП со добар старт до победа над Пекабеско

Екипите на Рамстор и ЈСП славеа победи во третиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Уника со одлична игра до победа над ЕВН

Екипите на Раде Кончар и УНИКА стигнаа до победи во вториот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Сава Осигурување и Еуролинк одиграа без победник.

Неочекуван гостин на бејзбол во САД

Сива мачка им покажала на играчите на Марлинс и Атланта Брејвс како најдобро се стигнува до хоумран.

Еуролинк со срце на терен до победа над Рамстор

Екипите на Македонски Телеком, ЕВН и Еуролинк ги собраа бодовите во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил ја оправда улогата на фаворит во дуелот со НЛБ Банка

Во првиот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил ја декласираше НЛБ Банка, а Отка и Гранит одиграа без победник.

Маица за најдобриот Типстер во месец април

Стигнавме до претпоследниот месец во четвртата сезона на Типстер и последен во кој ќе делиме подароци за најдобрите тројца.

Осврт на седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Александар Божиков од екипата на Фабрика Карпош со 4 гола е најдобар стрелец во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена Окта.

Атлетичарот со капче и најславната трка на сите времиња

На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.

Гранит максимално мотивирано во дуелот со Сава Осигурување

Екипата на Гранит славеше над Сава Осигурување во единствениот натпревар од третиот ден во 17. коло од Бизнис лигата на Македонија.

ПОП РОК ФОЛК ја отпеаа „We are the champions“

По 10 фудбалски денови исполнети со многу дружење, забава и танц со топката, заврши второто издание на „Музичкиот Куп 2017“. Публиката во спортскиот центар Аеродром уживаше на вкупно 196 голови постигнати на 26 средби.

Подобрата физичка подготвеност на Окта клучна во дуелот со Оне.Вип

Екипите на Трансмет, Окта и ЕЛЕМ славеа победи во првиот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Патики за нови предизвици - PRINT SMOOTH

Со Print Smooth нашата цел беше да се пронајде рамнотежа меѓу удобност што нема да ги намали перформансите и прилагодливост на моделот на различни видови на трчање.

Осврт на шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Арбен Нухиу од екипата на Уника е водечки стрелец со 6 гола во 16. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена НЛБ Банка.

Не можеш да им угодиш и на Тројанците и на Грците

Емануел Сантош, човекот кој ја вајал бронзената биста на Кристијано Роналдо во неговиот роден град вели дека фудбалерот барал неколку корекции на статуата.

Пекабеско и Факом завршија реми во егал натпревар

Екипите на Уника и Рамстор славеа во третиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а третиот меч меѓу Пекабеско и Факом заврши без победник.

Кога на дете од Фиренца ќе му кажеш да нацрта црква

Во едно основно школо во Фиренца, учителката побарала од децата да нацртаат црква (на италијански chiesa/киеза). Некое дете го нацртало фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза со виолетов дрес и копачки. Цртежот станал хит, па Фиорентина го поканила малиот Виторио со татко му да дојдат на првата следна средба.

Поен на Федерер празник за очи

Роџер Федерер за четири месеци ќе наполни 36, ама неговите години не се никаква пречка за држеше тениски лекции. Сезонава го освои Гренд слемот на Австралија опен, а сега го напаѓа мастерсот во Мајами. Најнова жртва му е Шпанецот Роберто Баутиста кој го доби во два тајбрејка 7:6 и 7:6. Поенов е убавина за гледање.

Лукоил во првото полувреме го скрши отпорот на ЕВН

Екипите на Македонски Телеком и Лукоил ги освоија бодовите во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а ЈСП и Еуролинк одиграа без победник.

Незаборавни моменти го отсликаа Nike Air Max Day

За триесеттиот роденден во „Јавна соба“ во Скопје беше организирана и незаборавна изложба на Air Max, кои триесет години го доловуваат овој безвремен начин на живот.