Со 34 поени, 9 скока и 8 асистенции, Никола одново ги носеше Нагетс до нов триумф, овојпат 117-111 против Детроит Пистонс. На центарот кој во моментов е прв кандидат за МВП титулата во регуларниот дел, му требаше малку за нов трипл-дабл, но благодарение на неговите погодени слободни фрлања на крајот се реши победникот.