Фудбал

Единичарот кој Јувентус го избрка ја внесе Пескара во Серија А

Пескара е последниот патник во Серија А, откако со вкупни 3-1 во двомечот го совлада Трапани во плејофот. Тренер им е Масимо Одо а групата талентирани играчи ја предводи Италијанец со перуанско потекло кој се изнадава голови и доби прекар Игуаин од Серија Б.

Екселот што го баравте за ЕП 2016

Како што беше редот за Светско, така и за Европско првенство го објавуваме целиот распоред на натпревари кои почнуваат денес, а завршуваат на 10 јули за кога е закажано финалето.

И Ајфеловата кула фати на жонглира

Дека децава денеска ќе трчаат шпринт од школо до првото слободно игралиште, тоа е точно, распуст им почнува и не ги замарајте три месеци со учење, ама 10 јуни ние го чекавме со душа за нешто друго. Домаќинот Франција вечерва од 21:00 отвора против Романија. Се загрева и Гугл за спортскиот настан на годината.

Колекционерите на Панини кои не трошат пари за сликички

Алекс и Сиан не се мењаат со сликички, не играат на тапка и не даваат повеќе пари за да го исполнат албумите од Светските и Европските првенства, туку тоа го прават на свој начин за кој им е потребно 227 часа.

Фудбал во фан зони да, во кафулиња не

Француските власти направија ригорозен чекор кој ќе треба да се почитува за време на Европското првенство, а на кој се очекуваат многу негодувања од угостителите.

Што значи 9-ти јуни за навивачите на Лацио

На 8 јуни 2011-та во 21:03 на аеродромот Фјумичино во Рим слета авионот на Луфтханза LH1850 од кој се симна Мирослав Клосе. Следниот ден го прослави својот 33-ти роденден, ги помина медицинските прегледи и стана играч на Лацио. Се друго е историја. Миро денеска полни 38, а Лацијалите не знаат попрво кое видео од него да го постираат.

Претседателот на Рома му здипли мобилен на новинар

Топ тема во италијанските медиуми утринава на околу трансферите е Миралем Пјаниќ за кој пишуваат дека Рома и Јувентус веќе се договориле за продажба од околу 30 милиони евра. Џејмс Палота се напна од упорната љубопитност на новинарите кои бараа потврда за зделката и на видеото се гледа како му го враќа мобилниот телефон на еден од нив.

Стари на млади, кој би тепал?

Од вкупно 552 играчи кои ќе се појават на Европско, УЕФА ги состави најдобрите два тима. Едниот со фудбалери до 21 година, а другиот со над 35 години. Можност плус да видиме кои таленти треба да блеснат, а кои ветерани веројатно ќе се простуваат од Еврошампионатите.

Малку познати факти за Зинедин Зидан

Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.

Билбао масовно прослави титула во женски фудбал

Во претпоследното коло од женскиот фудбалски шампионат на Шпанија, Атлетик Билбао го победи Овиедо со 3:0 а нивниот главен конкурент Барселона загуби 0:1 од Атлетико Мадрид. Билбао така се одлепи на 4 бода на коло пред крајот и ја осигура титулата.

Кој е најдобриот состав од Европските првенства

Селекцијата на Бразил со Пеле од 1970-та која го освои Мундијалот во Мексико ја сметаат за најсилна од Светските првенства, но кој го заслужува овој епитет на Европските првенства. Холандија 1988? Франција 2000? Шпанија 2008/2012?

Како Брегзит би можел засекогаш да го смени фудбалот

Во случај Велика Британија да излезе од Европската Унија, многу последици би можел да трпи и англискиот фудбал чијашто Премиер лига се смета за најпопуларна во свет. Кои се причините?

Деби голот на Златан во Серија А

Во период кога топ тема поврзана со Ибрахимовиќ е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата и дали можеби ќе се врати во Италија, бидејќи изјави дека Милан е најголем клуб во светот, ќе ве потсетиме дека од првиот гол на Ибра во Серија А поминаа 12 години. Мајсторијата не се заборава, а ја изведе против Бреша откако влезе како замена за Трезеге.

Како Американците коментираат сокер

Не дека во Европа сме нешто поарни со статистичкиве дрвења, ама во САД се дефинитивно оптеретени со тоа. О-п-т-е-р-е-т-е-н-и.

Австрискиот Златан кој со покајание оди на Европско

Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.

Најнеобичниот голман на Европското доаѓа од Велс

Голманот уметник, кој седел шест години на клупата за резерви, своето деби на голот на Велс го прославил така што свирел на гитара во хотелот а скоро планира и да направи уметничка изложба со неговите дела кога ќе се врати од ЕП во Франција.

Италијанци клавајте голови, инаку нема титула

Дека Буфон заедно со триото колеги во одбрана составено од Кјелини-Бонучи-Барцаљи ќе биде главно оружје на Италија на ова Европско на кое ќе се обиде да поведе и после да се брани, покажува и статистиката на напаѓачите кои имаат ужасна реализација.

Чекаш петка или глава и паѓа исправена

Пред почетокот на мечот Колумбија - Парагвај (2:1) од Копа Америка, судијата Хебер Лопез на капитените на двете екипи им ја фрлаше паричката која не се предаде така лесно.

Шпанија и Германија вредат над милијарда, а Роналдо колку четири Унгарии

Шпанија, Германија, Франција и Англија се селекциите со најголема вредност на Европското првенство, а во топ 4 највредни фудбалери влегуваат Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Роберт Левандовски и Томас Милер.

Радувај се Флитвуд на трансферот на Варди

Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.

Пак да браниш на 20 метри пред гол

Грција ја совлада Австралија на гости со 2:1 на пријателски натпревар, а Бекам апетити на мечот имаше бекот Јанис Маниатис кој игра за Олимпијакос. На голот беше Адам Федеричи од Бурнемут.

Франција 1998-ма, од глумци до продавачи на базени

По неуспехот во квалификациите за Светското 1994 во САД, Франција реши да тргне од нула и ја создаде најсилната репрезентација во историјата на оваа земја. Шарен состав со одлични фудбалери кои денес имаат необични професии.

Палермо ќе купува ѕидар од Аргентина кој игра за 770 евра месечно

Трајковски и Несторовски од следната сезона можно е да добијат интересно друштво во напад, откако нивниот претседател кој тренерите ги менува како чорапи, најде дете со биографија во која стои дека до скоро примарна работа му била на градилиште.