Фудбал

Се додели првиот зелен картон во фудбал

Не, не е тоа зелен картон за кола без кој не можете да поминете преку граница, туку зелен картон без кој можете, но би било фино да го добиете на фудбалски натпревар. Ќе ви ги бројат за убаво.

Пеле vs Бекенбауер, 1968-ма

Дуел на две легенди или најдобриот напаѓач против најдобриот дефанзивец. Бекенбауер е тој со број 5 кој му влегува во трк на Пеле но го губи дуелот, губи рамнотежа и паѓа на земја. Лошо ќе помине и тој со број 4, но образот ќе го обели голманот.

Ако не можат Реина и Де Хеа, може Мората

Фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Мората на подготовките на шпанската репрезентација покажа дека селекторот Лопетеги комотно може да смета на него ако Де Хеа, Касиљас или Кико Касиља не се во форма. Се фрлаше како мачка.

Кога тренерот те тера да го држиш шутот

А ти немаш попаметна работа па запнуваш да го држиш и дома кога одиш.

Седмоодделенец растура за Селтик

Необична сторија стигна од Шкотска каде Карамоко Дембеле, 13-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска дебитираше за вториот тим на Селтик. Дембеле влезе во 81’ минута (наместо најмладиот првотимец во историјата на Селтик, 16-годишниот Џек Ачистон) и ги одигра последните 9 минути во триумфот против Хартс (3-1).

Каде се фудбалерите на Јувентус под водство на Дел Нери?

Луиџи Дел Нери седнува на клупата на Удинезе и веќе во следното коло ќе се соочи во Јувентус кој го водеше пред пет сезони. Сезоната 2010/2011 беше за заборав бидејќи клубот заврши на седмо место и не избори пласман во Европа.

Идеја за Мундијал со 48 земји, се отвора ли шанса за Македонија?

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не е задоволен со постоечкиот систем на натпреварување на Светските првенства со 32 селекции и според него треба да се прошири на 48 репрезентации од 2026. година.

Зе Роберто дава евроголови на 42 години

Се сеќавате на неговите партии од Баерн Минхен. Во моментов има 42 години и игра за Палмеирас. И не само што игра и е капитен, туку е и најдобар играч на теренот. Против Санта Круз постигна еврогол.

Аѕурниот брег го врати Марио од мртвите

Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.

Како белгискиот фудбалер Босман го победи системот

Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.

Некој денеска полни 35 години

Од 20 до 24 години даде 24 гола, а од 30 до 34 постигна 144 гола. Епа како Гвардиола да не каже дека е еден од најдобрите играчи. Златан Ибрахимовиќ има освоено 11 првенствени титули со четири различни екипи и има постигнато вкупно 459 гола во кариерата.

Офсајд лик: Франческо Гвидолин

Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.

И во Полска има дива лига

Сте гледале ли некогаш меч кај нас од трета или од некоја регионална лига? Да судиш таму натпревар треба да си: 1. Храбар 2. Луд и 3. Добар судија. Ништо поразлично не е ниту во Полска.

Шаќири му го испи мозокот на Смолинг

Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири важи за еден од најниските фудбалери, ама во игра еден на еден знае да изненади со финта ала Ибрахимовиќ по која лекот е само фаул. Снимката е од мечот Манчестер Јунајтед - Стоук 1:1.

Феенорд е број 1 во Европа, крај на доминацијата на Ајакс и ПСВ?

Викендов кикснаа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барса, Реал, Баерн Минхен, Наполи, но ако сте го имале на тикет Феенорд осум пати, немате утка бидејќи тие не знаат ни за пораз, ни за реми.

Колку собира најголемиот стадион во секоја европска земја

Сторијата околу празниот и мал стадион на Монако нè натера да прочепкаме кои се најголемите стадиони во секоја европска земја. Има стадиони со капацитет од 10.000 гледачи но има и храмови на фудбалот кои примаат над 70.000 гледачи.

Лига на шампиони во маало

Црни против Бели се екипите кои направија симулација на меч од елитното европско натпреварување. Излегоа од подрум, демек таму им се соблекувалните, се наредија, ја пуштија химната, обезбедија пренос со камера која ги снима сите еден по еден, во позадина се разбира знамето на ЛШ, а од околу комшии. Организација на ниво. Само имаат еден пропуст, не е 20:45.

Фејсбук мемори со Пирло

Само 6 години треба да се вратат назад фановите на Милан за да сфатат што сè имаа во тим. Тогаш Ибра, Силва, Роналдињо, Пирло, Сидорф, Робињо, сега Поли, Палета, Кучка, Соса, Лападула...

Марк-Андре Тер Деген

Селта сензационално водеше со 3:0 против Барселона после 33. минути игра. Ретко кој ја понижил Барса така за кратко време. Но Каталонците во еден момент се вратија на 3:2 и сите мислеа дека ќе следува пресврт. Таман кога нападнаа за израмнување, германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген направи неверојатна глупост и мечот тука заврши.

Иле ја тресна и Сампдорија

Македонскиот напаѓач продолжува со одличните игри во Серија А. Нова мета на Илија Несторовски ова коло беше Сампдорија за трет гол во Италија и трет на гости кој го постигна во 60 минута од мечот. Одбраната на Палермо за жал попушти дури во 95-та минута за конечни 1:1.

Најдобриот пеналџија на светот брани за Валенсија

Кога еден голман ќе одбрани 19 пенали од 41 меѓу кои и оние изведени од Меси, Кристијано Роналдо, Гризман, Диего Коста и Фалкао тоа значи дека се работи за најдобриот пеналџија на светот во моментов. Попладнево Валенсија загуби 0:2 од Атлетико Мадрид, но јунак на средбата беше Бразилскиот голман Диего Алвеш кој фати два пенали.

Тој и таа со топка, 40 секунди

Познатата фристајлерка Лиса има засилување и тоа момак на нејзино ниво, ако не и појак. Кадарот им е во природа на многу фино место, а нивната задача се знае која е, да прават чудесии со топката.

Зошто Монако секогаш игра пред полупразен стадион?

Македонските фудбалски клубови не се единствени кои играат пред 100 луѓе и 12 гулаби. Еден од најбогатите француски клубови кој играше во финалето на Лигата на шампионите игра пред малку гледачи поради што често се слуша ехо „Моја!“ или „пази леѓа!“

Голманот среќлија во Франција

Во четвртата француска лига се изведе пенал каков досега не сме виделе. Голманот Жан-Франсоа Беденик од клубот Ван три пати го спаси својот гол со неверојатна среќа.