Селекцијата на Аргентина пред еден месец одигра 2:2 против Венецуела, а синоќа 2:2 со Чиле. Во напад ги имаат Игуаин, Ди Марија, Агуеро и Дибала, ама кога го нема главниот статистиката вели вака:
Тренер од Норвешка разочаран од својот состав отиде малку подалеку со идеите за тоа како да ги оправи работите во неговиот состав кој според описот делуваат очајно, а ние знаете одма на кого помислуваме во овој контекст.
Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.
За селекторот на Италија, Џампјеро Вентура пишавме дека важи за мирољубив човек кој ретко влегува во конфликт. Но тоа не значи дека играчите можат да му се качат на глава. Синоќа на дербито против Шпанија Грацијано Пеле’ одби да се поздрави со Вентура, поради што е избркан од составот.
Група незадоволни кинески навивачи изглеле на улиците и барале оставка од претседателот на фудбалската федерација на Кина после тешкиот пораз од земјата во која 5 години непрестано се војува и е целосно разружена.
Додека на Филип Втори синоќа во 95-та минута стоевме на нозе во исчекувањето Јаховиќ со гол од пенал да ја спаси Македонија од пораз, во Исланд во истата минута драмата беше бетер.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во 10 и 12 минута ги пропушти најзрелите шанси за водство на квалификацискиот меч против Израел, а Адис Јаховиќ промаши пенал во 95 минута. По овие нереализирани прилики не се освојуваат бодови. Остануваме на 0 по двете кола.
Во второто квалификациско коло за СП 2018, Македонија вечерва во Скопје загуби од Израел 1:2. Нашите создадоа многу шанси, играа отворен фудбал, промашија пенал и повторно загубија како во Скадар. На крајот аплаузи за играта.
Ај што мора да пазат од горе да не им падне петарда или бакља над глава, туку треба да гледаат и од теренот да не долета некој волеј па да биде налет и фудбал и полуфинале и финале.
За Игор Ангеловски следниве статистички податоци може да бидат корисни. Нашите два следни противника во квалификациите (Италија на 9-ти октомври и Шпанија на 12-ти ноември) кријат двајца незгодни стрелци меѓу играчите од среден ред.
Андреј Аршавин кој игра во клубот Каират Алмати од Казахстан мераклиски го ишишал блогерот Петр Воликов кој на почетокот на сезоната се кладел дека Русинот нема да даде повеќе од 7 гола во првенството. Осмиот гол сезонава напаѓачот го постигна минатиот викенд на мечот против Актобе.
Пред 13 години на 6. октомври, Кака се запиша во листата на стрелци на големото миланско дерби. На асистенција на Гатузо (да, на Џенаро Гатузо со лева), Кака постигна убав гол со глава во 40. секунда од првото полувреме.
По отказот за корумпираниот Сем Алардајс, англискиот ФА одлучи за в.д. селектор да го постави Гарет Саутгејт, борецот кој во младоста го мајтапеле поради големиот нос и кој се шверцал во автобус.
25 легендарни фудбалери стигнаа до бројка од минимум 100 постигнати гола во Премиер лигата. Истите тие фудбалери гласаа за најдобриот во историјата на најелитното англиско првенство. Признанието отиде кај Робин Ван Перси за неговиот волеј против Астон Вила на 22 април 2013-та.
Дарко Спејко, Сашко Коцев, Маријана Станојковска, Буштур, Лино Червар и Зорица Црношија повикуваат на 6-ти, 9-ти и 11-ти да се оди на арена Филип Втори.
Ако не си дел од Барса или Реал не е лесно да запишеш некоја историја во Ла Лига. Но како големо изненадување ете го Леганес, клубот кој го потпиша првиот индиски фудбалер кој ќе заигра во Шпанија.
Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.
Трите големи ѕвезди во тимот на Карло Анчелоти очекуваат продолжување на нивните договори, но првиот човек на клубот вели дека проблемот е да се најде начин за да се поврзат минатото, сегашноста и иднината.
Манчестер Сити минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Премиер лигата под водство на Пеп Гвардиола, а тој за казна им забрани да користат интернет. Тоа не е ништо кога ќе ги видите што забрануваа други тренери.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
Ако некој во школо сака да воведе предмет кој ќе се вика фудбал, не мора професорот многу да го тупи и да предава теорија 45 минути. Кога ќе дојде до моментот да објаснува како се игра во напад, еве го часот, трае 7 и нешто минути поделен во 10 дела.
Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан, да влезе во спортскиот сектор на тимот кој неколку години не знае каде тера.
Те бара славниот Ливерпул чијшто тренер ти кажува дека те сака во тимот затоа што си гол машина, а ти одбиваш и решаваш за многу пари да играш во Кина каде фудбалот уште не бил како денес. Ни приближно како денес и дресовите си ги переш сам дома.
Еден од најдобрите италијански дефанзивци кој во недела ни доаѓа во Скопје, во последно време тешко може да се појави на прес, а да не отвори тема која не е поврзана со фудбал. Оправдано му е.