Фудбал

Атомски фудбал - 14 гола на 2 натпревари

Осминафиналните дуели Сити - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид донесоа права голеада. Клинците од Кнежевството уште еднаш покажаа зошто сезонава играат пеколно ефикасен фудбал, но не можеа до крај против Сити. Атлетико заврши работа.

Најопасниот тим во Европа со свои деца во тимот

Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.

Животот на детето кое прво истрча до авионот на Шапекоенсе

Јохан Алексис Рамирез од Колумбија на само 15 години им се придружи на спасувачките екипи кои бараа живи луѓе во трагичната авионска несреќа во близина на Меделин. Сега го сметаат за херој во Колумбија каде го носи прекарот el Niño Ángel (златното дете).

Како Германци го научија Интер да победува

На почетокот на ’90-те, предводени од стариот волк Џовани Трапатони, фудбалерите на Интер доминираа во Европа. Тим составен од ѕвезди како Џузепе Бергоми, Андреас Бреме, Јирген Клинсман, Матеус и Алдо Серена.

Кога наши девојки ќе искинат на тема фудбал

На толку публика, камери, светло и адреналин, па и Вучиќ во позадина за Дешамп да ти дава асоцијација шампањ, треба одлична концентрација и одлично знаење за да не ја оплескаш. Девојкиве сериозно пратат фудбал.

Аматерски потег на Арсенал против аматерите од Сатон

Освен оброкот на резервниот голман на домаќините, на синоќешниот дуел од ФА Купот имаше уште еден невообичаен момент кој слободно можеме да го крстиме како гаф на премиерлигашот.

Мурињо знае како треба со деца

Пред мечот Блекбурн - Манчестер Јунајтед, едно од децата кои излегуваат под рака со фудбалерите од соблекувалната им кажа на судиите да не им даваат жолти и црвени картони на Роверс, туку на Јунајтед. Реакцијата на Мурињо беше невообичаена за него.

За во младинска лига ова е гол на столетието

Омер Акбел има само 18 години и е дел од младинските лиги во Германија. После ваква реакција од прва на корнер, не веруваме дека ќе крене раце од скаути.

Најдобрата повторена снимка од дуелот Сатон - Арсенал

За играч на мечот од ФА Купот меѓу Сатон и Арсенал нема да го прогласиме ниту Волкот, ниту Чемберлен, ниту Санчез, туку резервниот голман на Сатон, Вејн Шоу кој откако не доби шанса да влезе во игра, рече ќе си каснам и ич нема да ми чуе. Крв да ти се стори.

Колку само кичми скршија овие две легенди со тој потег

Дриблингот на Кристијано Роналдо против Еспањол беше инспирација некој да седне и да направи компилација од потези со тоа типично изместување на играч, својствено за Роналдо и Роналдињо. Колку само моќно изгледа видеово со двајцата цареви.

Фудбалскиот пат на диџеј Џибрил Сисе

Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.

Тимот со најдобра одбрана и најлош напад во Европа

Не знаеме дали го играат најдосадниот фудбал бидејќи не сме ги гледале, ама сигурно се најнеефикасни во Европа бидејќи така вели нивната статистика. Од 26 меча одиграле само еден кој завршил 3+, па сега вие видете.

Арсенал се изгоре од кафе, па дува во јогурт

„Топџиите“ денес патуваат кај Сатон Јунајтед каде ги чека 5. рунда од ФА Купот против аматерски клуб кој елиминираше фаворити и кој игра на вештачка, синтетичка трева.

Виетнамска реакција по досуден пенал

Што се случува во Виетнам кога при резултат 2:2 на домаќините на крајот од средбата им судат пенал? Гостите не ја прифаќаат судиската одлука и се фрлаат на протест до крајот на мечот со неиграње. Во судиското продолжение примаат три гола и губат 5:2

Кога дефанзивец ќе уништи градско дерби

РНК Сплит и Хајдук Сплит викендов одиграа 1:1, но резултатот можеше да биде во корист на домаќините ако Амер Дуповац не се посрамотеше од неколку сантиметри. Ова е потешко да го утнеш.

Кога цел Олд Трафорд стоечки му аплаудираше на Феноменот Роналдо

На 23 април 2003 година во 1/4 финалето на ЛШ се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тој меч важи за еден од најголемите кој се одиграл на Трафорд. Бразилецот Роналдо направи спектакл со три прекрасни гола после што му аплаудираше секој присутен на стадионот.

Два страшни гола за две минути

Капитенот на Андерлехт Јури Тилеманс беше главен во победата од 1-4 на гостувањето кај Остенде. Првиот гол го даде со десна, вториот со лева, а и двата од 30 метри во агол.

Историски НБА Ол Стар со 374 поени

Кошаркарите на Западната конференција славеа против Источната со резултат 192:182 во 66-то издание на Ол Стар игрите. Ова беше натпревар со рекорден број на поени во историјата, а беше постигнат и личен рекорд на поени, вкупно 52 кои отидоа на контото на Ентони Дејвис.

Дел Пјеро до Роберто Баџо: Ми беше сон да ти ја носам торбата

Кога една од најдобрите 10-ти во Италија на ваков начин ќе му честита роденден на друга таква 10-ка, тоа се вика респект и големина. Се гледа дека се од друга генерација.

Турчин со две леви нозе

Постојат утки и утки, а ова на Сабри Сароглу од Галатасарај спаѓа во оние најлошите, кога некој може да настрада во публика, а сите останати ќе му пукнат сеир за ударов.

Вардар нема милост, падна и ПИК Сегед, Штербик доминантен

Во дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите, Вардар на гостински терен го совлада Пик Сегед 21-23 (11-12) и се зацврсти на првото место во групата Б.

Милвол живее за ФА Купот, Линколн направи чудо

Со играч помалку, третолигашот Милвол го елиминираше актуелниот шампион Лестер од Купот. Голот падна во 90. минута а го даде Камингс, после што навивачите на Милвол прославија на својствен начин.

Роналдо раскажа зошто се ишишал како цреп на СП 2002

Во една од најгледаните емисии на бразилскиот ЕСПН, легендарниот Роналдо откри што била причината поради која не останал подолго во Барселона иако се вљубил во градот и зошто на Светското првенство пред 15 години излезе со најглупата фризура во историјата.

Јас, Баџо и Гвардиола кој уште во Бреша беше печен за тренер

Тоа што Пеп Гвардиола до својата 46-та година има освоено 21 трофеј како тренер, не е само среќата што му се паднало да ги тренира Барселона и Баерн. Тој беше играч – организатор, кој размислуваше како тренер и додека беше активен фудбалер.