Фудбал

Што значи кога екипа има пивара за спонзор

Како резултат на договорот за спонзорство меѓу Гамбриниус, едно од најпознатите чешки пива и фудбалскиот клуб Викторија Плзен, спонзорот решил да постави нови, модерни клупи за резервни играчи кои имаат 14 места.

Капитенот на Андора има колекција од 600 дреса и не сака да ги пере

Најсреќен бил кога се сменил со Џон Тери, но подоцна капитенот на Англија го разочарал после неколку години. Има дресови од Тоти, Ибрахимовиќ, Малдини и многу други а вели дека последно најмногу го сакал од репрезентацијата на Сиера Леоне.

Најлудиот дуел еден на еден на Нејмар

Додека трае шпанскава серија со Нејмар и сите го мољакаат да не си оди од Барса, налетавме на едно видео од неговото време во Сантос. Таму слободата во играта е поголема, па дозволена е и Самба со топка. Ај што помина како мало дете, него на крај и гол даде.

Ај па и во Скопје да играте вака

Барса игра тики-така по земја, а Реал се обидува на прва без да тапне. Крос - Бензема - Марсело - Бензема - Бејл. Така се движеше ова велелепно движење на топката против Манчестер Јунајтед на Интернационалниот Куп во САД:

Како Де Шиљо дебитираше за Јуве

Пред 8 дена Матиа Де Шиљо направи трансфер од Милан во Јувентус за 12 милиони евра. Првиот меч го запиша против ПСЖ со центар шут росна ливада. Едни викаат дека се обидел да сруши дрон, а други дека не е он крив, туку соиграчите не го следеле.

Турскиот селектор добил отказ зошто правел рушвајс во кафана

Турската фудбалска федерација се обиде дипломатски да го изглади конфликтот кој го направил селекторот Фатих Терим, но тамошните медиуми стигнале до сапуницата во која главен лик бил токму тој.

Царската објава на Ибрахимовиќ на Инстаграм

Го следат 25,5 милиони луѓе а како и не би го следеле кога секоја наредна објава му е појака од претходната. Денес објави слика од него и Кинг-Конг, но со натпис кој е кралот а кој е Конг.

Среќен роденден „Уна маџија“

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација денеска полни 34 години. По тој повод ќе се потсетиме на три негови незаборавни голови во Серија А, кои сигурно се меѓу најубавите во неговата кариера. Пандев пред две години стана странец со најдолг стаж во Италија каде игра од 2001-ва со исклучок на една сезона кога беше во Галатасарај. Во новата сезона продолжува со Џенова.

Не се радува само тој што скока

Шампионот на Хрватска, Ријека синоќа извлече поволен резултат на гостувањето кај Салцбург во првиот меч од 3. коло квалификации за Лига на шампиони. Реакцијата на тренерот Матјаж Кек при голот на неговиот тим е легендарна.

„Каква Лига на шампиони - денес таму се Гент и ПСВ, дојдете кај нас“

Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.

Ти сакаш изгледа пешки да си одиш од гостување

Начека празен гол и сега ќе изиграва бесни глисти. Да ти се погоди некој намќор тренер кај кого за палење цигара се јаде прачка, а за пијанчење 10 чакмаци и суспензија, ќе ти кажеше убаво ако ти ја земеа.

Министерство за економија и Бенфика

Португалските клубови умеат да воспитаат и развијат млади играчи кои потоа ги продаваат за големи пари и тоа не е тајна. Но Бенфика направи чудо за 7 месеци со 6 трансфери.

Драга публико, драги гости, на клавир: Хуан Мата

„Извинете дечки, но веќе нема карти за мојата турнеја 2017“, напиша под видеото на Инстаграм човекот кој важи за најкреативен фудбалер на Манчестер Јунајтед и кој лани беше втор стрелец на екипата зад Ибрахимовиќ. Се надеваме дека ќе го гледаме во Скопје на 8. август.

Кој би можел да му падне на Вардар во плејофот од ЛШ

По синоќешниот триумф од 1:0, Вардар ќе има многу работа на реваншот во Копенхаген за да се избори за сензација, но резултат е поволен, а љубопитноста голема за да видиме што би се случувало понатаму ако на 2 август добиеме уште еден празник за славење.

А ќе речеш Стоичков не знае англиски

Бразилецот Жоел Сантана е човек кој во кариерата бил тренер на 19-ина места а светот го дозна во 2008-ма кога беше селектор на Јужна Африка и даваше интервју на англиски. Пази, на англиски.

Бидна и тоа, Акифнеев не прими гол во Лига на шампиони

Од 1. ноември 2006 до 25. јули 2017. Толку време (речиси 11 години) траеше серијата на примени голови во Лига на шампиони на голманот на ЦСКА и Русија.

Епски потег каков што тенисот не памети

На мечот Виктор Ханеску - Микаел Лодра, Романецот ја доби најубавата шанса која што секој тенисер со душа ја чека - прилика за волеј удар. Кога сите аплаудираа на веќе готов поен, тој се реши за нешто друго.

Марадона: Со видео-технологијата ќе ми го поништеа голот

Ако во време на Сеп Блатер фрлаше дрвја и камења по ФИФА, денес Марадона е целосно прибран и пристоен откако организацијата ја води Џани Инфантино. Аргентинецот ја поддржува замислата за видео-технологија и реприза на спорните моменти.

ЛШ: Решавачки гол на Балотели, ама не е Марио

Големото изненадување кое го приреди Вардар во квалификациите од ЛШ, не помина незабележано во странскиот печат. Еден од најпознатите светски портали специјализирани за фудбал направи штос токму од средбата во Скопје.

Најдобри моменти од кариерата на Просинечки

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на ова поднебје, легендарниот ’Жути’ играше во Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севиља, Стандард Лиеж и Портсмут а во кариерата освои 14 трофеи од кои највреден беше оној во Купот на европски шампиони со Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Иранскиот Меси кој нѝ даде 3 комада на Филип Втори, станува најскап фудбалер од својата земја

Британските медиуми го нарекоа Меси, а други го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ. Барселона, Јуве и Милан се дел од екипите кои го бараа на 19 години, но тој деновиве се очекува да направи трансфер во Лацио. Лани нè потопи во Скопје.

Левицата на Михајловиќ работи како пред 20 години

Синиша Михајловиќ, 48 години vs Вања Милинковиќ Савиќ, 20 години се пресметаа на последниот тренинг на Торино. Стариот му одржа лекција на својот сонародник и го совлада 3:0, а овој на крај побара измена. Не за џабе Синиша беше рекордер по број на голови од слободен удар во Серија А.

Црвено-црна фешта, падна и Копенхаген!

Во првиот меч од 3. квалификациско коло вечерва во Скопје, фудбалерите на Вардар го победија Копенхаген со 1-0 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Данска за една недела.

Коментаторска утка со паузата за вода и Рибери

Попладнево пријателска средба играа Баерн Минхен и Челси (3-2) на која што коментаторот направи смешен лапсус. Во 74 минута од мечот Франк Рибери тргна кон аут линијата да се напие вода за време на судискиот тајм-аут а спикерот прочита што пишува на екранот и мислеше дека во игра влегува Дринк Вотер.