Фудбал

Фудбалери проверете да не ве бара Интер

Во период од 3 месеци ова лето Интер бил поврзуван со 175 играчи, пазете 175 со кои може да се состават седум екипи. Тие со болд се нивни играчи, а другиве веројатно служеле колку за полнење новини и борба за повеќе кликови. Некои медиуми едноставно знаат да зајдат со шпекулации за трансфери. Кај нас на пример не многу одамна се пишуваше дека Вардар го бара Аршавин што излезе дека везе нема муабетот.

Неверојатните ножички на Кристијано за Португалија

Само две минути му требаа на Роналдо да го отвори резултатот на мечот Португалија - Фарски Острови од квалификациите со страшна ножичка.

Ти на мене Лидс, јас на тебе кола

Многу млади фудбалери мечтаат за да стигнат до Англија, а такви од кај нас се ретки. Вака од прва ни текна на Христов, Шаќири, Седлоски, Шумуликоски и Попов кои заиграа во елитата. Алиоски сезонава дебитираше во Чемпионшип, што за него е остварување на сонот. Го цени тоа.

Португалска колонија слета во Рим

Кога Жорже Мендеш ќе се вмеша во некој трансфер, тогаш сè станува поинтересно. Благодарение на него, Лацио меѓу новите тројца играчи има засилување кое беше мета на Мурињо, Арсенал и Барса.

Што ако Украина се пласира на Светско во Русија?

Нередите, инцидентите, календарите и распоредите се мачкина кашлица за ФИФА во однос на тоа ако треба да се справува со евентуален пласман на Украина на Мундијалот во Русија догодина.

2.000 километри само за тебе легендо

Успехот кој го остави Клаудио Раниери во Лестер е нешто што навивачите никогаш нема да го заборават. Од тогаш се случи уште една сезона во Премиер лигата, па месецов почна нова, но тие не застануваат со благодарности.

Меси врати дете собрано од обезбедувањето

Во цел метеж при доаѓањето на Аргентина во хотел во Монтевидео каде утре вечер игра против Уругвај квалификации за Светско, Меси здогледува едно мало дете кое сака да земе автограм и да се слика со него ама обезбедувањето го трга експресно брзо.

Како Џеј Џеј Окоча му го испи мозокот на Оливер Кан

Ако легендарниот германски голман добие прашање: Кога ве направиле најголем мајмун во игра еден на еден, ќе треба да се наврати во 1993-та кога бранеше за Карлсрухер, а во нападот на Ајнтрахт Франкфурт играше легендарниот Нигериец, Окоча. Со Кан го оркаа уште тројца од негова екипа.

Јувентус на Чемпионшип Менаџер 1999/2000

Оваа игра толку многу напредна што легендарната едиција 1999/2000 од оваа перспектива ни изгледа праисторија. Ама ќе се согласите дека се играше со најголема страст од сите останати верзии наваму.

Популарни цени за карти за Вардар во Лига Европа

Љубителите на фудбалот во земјава ќе можат во живо да ја следат фудбалската есен на Вардар со блок карти по мошне популарни цени. Има и поединечни влезници за секој меч посебно.

Кој е рускиот џин кој го засилува Вардар

За Максим Максимов Европа разбра откако се изнадава голови во квалификациите за Лига Европа во дресот на анонимниот литвански прволигаш Тракаи кој играше против Шкендија во третото коло.

Најлудиот голман брани во Мексико

Хозе де Хесус Корона брани за Круз Азул во мексиканската лига. Има 36 години ама тоа не му смета да скока како мачка. На дуелот против Монтереј одбрани 4 неверојатни шута. Во кариерата има 4 меча за репрезентацијата. Во декември 2010 Депортиво сакал да го купи но тој решил да остане во Круз Азул.

Кој ли ќе дели сега вакви топки во Рома?

По 25 години верност и негување маестрален фудбал со многу голови, асистенции и тимска игра, Франческо Тоти од оваа сезона го гледаме скоцкан во ложа. Хранеше плејада на напаѓачи со топки, меѓу нив Монтела, Касано, Батистута, Делвекио, Вучиниќ, Тони...Тие што добро го следeле, му направиле фантастична компилација и тоа само со неговите уникатни додавања на прва.

Како се менуваа правилата во фудбалот од 1848-ма до денес

VAR (Video Assistant Referee) чекаше многу долго време за да влезе и да му олесни на фудбалот околу спорните моменти поради кои судиите стално го кркаат на крај. Револуцијата во најпопуларниот спорт трае 169 години. Тоа што му го направи Шаќири на Симан е дозволено од 1924-та.

Зошто Раџа Наинголан е избркан од репрезентацијата на Белгија

Еден од најдобрите фудбалери во Европа во изминатите неколку сезони, се соочува со крај на репрезентативната кариера откако ја спукал со селекторот Мартинез.

Новинар во Романија дошол на прес-конференција со трска

Да, да со трска за по риба. Криштоф Даум, легендарниот Германец кој сега е селектор на Романија не е во добри односи со новинарите од весникот Gazeta Sporturilor за кои рекол дека „се добри за да одат по риба“. На првата следна прес-конференција новинар од Gazeta Sporturilor му дошол со подарок но Даум се навредил.

Анчелоти заигра карти во родниот крај

Секое место, помало или поголемо има свој лик кој заминал на работа по светот а со него се горди земјаците. Така е и со еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот Карло Анчелоти кој се врати во родното место Реџоло во Италија и поиграл карти пред локалната коперација.

Бразилска самба во соблекувална

Пред мечот со Еквадор од квалификациите за Мундијал 2018 бразилските репрезентативци играа серва на масичка во соблекувалната.

Уиграна комбинација на денот

Уште 1.000 пати да го гаѓа нема да се случи ваков трагичен автогол. Ги гледаш двајцата несреќници и се прашуваш на кого му е поглупо.

Најубавиот гол во ЛШ за сезона 2016/2017

Читателите и посетителите на сајтот на УЕФА го избраа најдобриот гол на сезоната во Лига на шампиони. Реал Мадрид во финалето го совлада Јувентус со 4:1, а италијанскиот првак го постигна најубавиот гол кој е дело на Марио Манџукиќ.

Барди мајсториште во тебе е иднината

Кога сезоната во шпанскиот фудбалски шампионат уште не беше почната, Енис Барди веќе нанижа три комада за Леванте. Што направи викендов во Ла Лига? Прашајте го голманот на Ла Коруња. Голчиште за сите пари од новиот специјалист за слободни удари. Едвај чекаме тв пренос со Леванте.

Што го чека Вардар во Лига Европа

Многумина очекуваа клубови од поблиски градови ширум Европа, со цел полесно да се режира евентуално гостување, а Ерик Абидал извлече далечни дестинации. Што е тука е, Вардар го очекува убава фудбалска есен.