Фудбал

Голот на сезоната во Лига Европа го даде Бане

На мечот од групата на Вардар во Лига Европа синоќа падна еврогол а стрелец беше капитенот на српската репрзентација којшто му даде голчиште на Реал Сосиедад за 1-2. Бекот беше стрелец и на мечот во Скопје меѓу Вардар и Зенит а УЕФА го прогласи и за играч на неделата во Лига Европа.

Прв бод и збогум Лига Европа

Фудбалерите на Вардар не успеаа да ја израдуваат скопската публика и да ја издвојат првата победа во историјата на европските натпреварувања. Но барем не ни загубија. Вардар - Розенборг конечни 1:1.

Неочекуван падобранец влета на Филип Втори

На дваесетина минути од мечот меѓу Вардар и Розенборг се случија најголемите аплаузи и овации, но за фудбалер, туку за едно куче кое се појави на терен и за момент го прекина мечот. Гачевски не успеа да се справи со него, а ниту обезбедувањето, па песот сам си фати џаде и не стави да ја догледаме средбата на камен ладново време.

Итало го тресна Розенборг за 9 минути

Падна првиот гол на Вардар на домашен терен во Лига Европа со кој Вардарци уште на стартот од мечот поведоа против Розенборг со 1:0. Вардарци тргнаа отворено на стартот и откако Бобан Николов му ја спушти топката со гради на Итало, Бразилецот ја прифати и го матираше Хансен.

12-от играч на Вардар вечерва е Јане

9 годишниот херој кој урива стереотипи и кој стана сензација дури и меѓу светски познати фудбалски ѕвезди е специјален гостин на натпреварот меѓу Вардар и Розенборг во Лига Европа.

Тепајте го Розенборг и избегајте од најлошото друштво во ЛЕ

Црвено црните и нивните навивачи вечно ќе ја запаметат 2017-та година, бидејќи испишаа нова историја за мак фудбалот. Но зошто дебито во Европа да му донесе на Вардар срамен рекорд. Победете и за себе и за тие што ги оставаат грлата за вас на секој меч.

Есапот на Бешикташ во Лига на шампиони

Со 4 победи и 2 нерешени Бешикташ е првиот турски тим во историјата кој стигнал до осминафинале во ЛШ како лидер во група. Не се секогаш пресудни парите, а тоа ќе го сфатите најдобро со нивната трансфер политика. Ништо не потрошиле и пак никој не ги победи.

„Интер белс“ наместо „Џингл белс“ во изведба на играчите

Под диригентската палка на Лучано Спалети, хорот на Интер предводен од Икарди, Перишиќ, Кандрева, Нагатомо, Занети и останатите во пред божиќна атмосфера звучи вака:

Ќе има плачки на ждрепката за ЛШ

Два, три, па и четири гиганти може да се збогуваат со Лигата на шампионите уште во топ 16 фазата, бидејќи таа ќе биде тешка и немилосрдна за играње. Јунајтед и Сити може да налетаат на Реал и Баерн, а Челси ќе се моли да го добие Бешикташ.

Каква само Лига Европа нè чека на пролет

Фудбалерите на Вардар вечерва од 21:05 се простуваат со Лига Европа, натпреварувањето во кое на пролет ќе се приклучат неколку гиганти кои испаднаа од Лигата на шампионите.

Човекот кој прв го победи Гвардиола сезонава и се облече како Зоро

Уште еден производ на плеадата талентирани португалски тренери. Воспитаник на стариот Жорже Жезус, човек кој направил чуда со анонимниот Пасош де Фереира со кој завршил трет зад Бенфика и Порто.

И тренерите станаа симулатори

Што време дојде во фудбалот, да и оние кои треба да им даваат ум на играчите почнаа да симулираат фаули. Генијална идеја ти е ова, немај гајле никој нема да примети, фудбалот не се снима со камери, плус никој не користи интернет во денешно време. Инаку црепот е од Уругвај.

Црвените од Енфилд имаат нов херој

Откако Ливерпул „за влакно“ не ја освои титулата во Премиер лига, а Суарез отиде во Барселона, КОП-от скептично гледаше на потезите кои ги влече управата. До почетокот на оваа сезона.

Ливерпул му даде седум гола на Спартак, голеада ширум Европа

Завесата во групната фаза од Лига на шампиони се спушти на неверојатен начин откако на 7 меча паднаа дури 33 гола. На „Енфилд“ Ливерпул оствари историска победа од 7-0 против Спартак Москва. Реал со 3-2 го совлада Дортмунд, а Севиља ремизираше 1-1 со Марибор.

Крадци на фудбалско лого

Или немаат вработено дизајнер или не сакаат да платат да им го направи друг, трето нема. Или па можеби дизајнерот е copy - paste во душа, од кај да знаеме. Како и да е ова е апла грабеж, кој не можеш да го сокриеш, освен ако не играш во балон и не се промовираш на интернет.

Новата драма на Марсело ’Ел Локо’ Бјелса

Враќањето на Марсело Бјелса во Лига 1 беше една од главните причини да се следи францускиот шампионат, но историјата на Ел Локо во Лил имаше чуден заплет и нејасна завршница.

Што правиме кај што нема ВАР снимка за судиите?

Опни го по нога, па ако види судијата види, ако не...

Како во Дубаи се прекинува фудбалски меч

Во регионов сме виделе прекин на фудбалски натпревар да предизвика куче, мачка, коњ, вол, кокошки. Ама во Дубаи се нешто понапредни. Далеку понапредни.

Прави кандидати за гласање

Англиската фудбалска федерација секој месец дава вредна награда за играч на месецот, тренер на месецот и гол на месецот. За признанието најубав гол во ноември ќе се борат 8 играчи меѓу кои и Вејн Руни.

Знаете ли кој е втор најдобар стрелец во Барселона?

Бидејќи сигурно знаете кој е прв, затоа ве прашуваме за вториот. Се вика „Автогол“ и сезонава одлично му оди со оглед на тоа што може да се носи со еден Луис Суарез.

Сите вечерашни комбинаторики за осминафинале во ЛШ

Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем и Реал вечерва ќе играат растеретено бидејќи се веќе во топ 16. Наполи ќе навива за Сити, а Лајпциг ќе се обиде да оствари поголема победа од Порто. Во групата Е, никој освен Марибор не е раат.

Потег по кој сигурно ти се смее цел стадион

Фудбалерите на Челси не успеаа да го совладаат Атлетико, а тоа значи второ место во група и потежок противник во осминафинале кој ќе го добијат од шеширот на носители. Потегот на вечерта на Стемфорд Бриџ го имаше Бакајоко, кој фалеше уште нога да свитка и да го носат со носилки.

Рефлекс на денот на вториот голман на Барса

Фудбалерите на Спортинг синоќа бркаа осминафинале на Камп Ноу, ама ниту победија, а ниту Јуве загуби во Атина. Тимот на Стефан Ристовски, кој инаку го одигра самиот првиот дел, имаше шанса за 1:1 која не се пропушта, ама на голот беше Јаспер Силесен кој сезонава нема настап во Ла Лига, а овој му е втор во ЛШ. 

Атлетико Мадрид испадна од ЛШ, Ристовски солиден на „Камп Ноу“

Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.