Ќе има плачки на ждрепката за ЛШ

Два, три, па и четири гиганти може да се збогуваат со Лигата на шампионите уште во топ 16 фазата, бидејќи таа ќе биде тешка и немилосрдна за играње. Јунајтед и Сити може да налетаат на Реал и Баерн, а Челси ќе се моли да го добие Бешикташ.

Причината за пеколно тешките и израмнети осминафинални двојки е проста. Екипи како Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челси и Јувентус завршија втори во своите групи.
 
Тоа значи дека ждрепката за топ 16 фазата во ЛШ која се одржува в понеделник ќе биде страв и трепет за сите.
 
Инаку ова беше групна фаза со рекордни 306 гола, најмногу до сега во историјата на Лигата на шампионите. Најбројни се Англичаните со сите четири претставници, Италијанците останаа без Наполи, Шпанците без Атлетико, а Германците го остварија најлошиот резултат во последните 9 години. Борусија и Лајпциг испаднаа, понатаму оди само Баерн.
 
Носители се: Манчестер јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер сити, Бешикташ и Тотенхем.
 
Неносители: Базел, Баерн Минхен, Челси, Јувентус, Севиља, Шахтјор, Порто и Реал Мадрид.

Ги издвоивме најпеколните можни двојки или како што би се нарекле популарно финале пред финале:
 
Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен
Манчестер Јунајтед - Јувентус
Манчестер Јунајтед - Реал Мадрид
 
ПСЖ - Челси
ПСЖ - Јувентус
ПСЖ - Реал Мадрид
 
Барселона - Баерн Минхен
Барселона - Челси
 
Манчестер Сити - Баерн Минхен
Манчестер Сити - Јувентус
Манчестер Сити - Реал Мадрид
 
Статистичарите се занимаваат и со шанси изразени во проценти кој со кој би можел да падне. Има само две правила: Екипи кои играле во иста група или ако се од иста земја не можам да играат меѓу себе.
 
Затоа Челси е единсвениот тим кој има три можни противници: Барса, ПСЖ и Бешикташ.

7 декември 2017 - 13:48