Центарфорот на белгискиот клуб Унион Сент Жилоа, Јусуф Ниакате (25) на мечот против Розелар постигна два гола од кои за едниот нема разумно објаснување.
Вечерашниот двобој во ЛШ меѓу Интер и Тотенхем, не врати на еден нивен дуел од пред 8 години, кој впрочем е и последен. Италијанскиот состав кој беше актуелен европски првак ги намачка на леб Англичаните за околу половина час игра, арно ама во второ видоа доста зорт.
На овој преубав ден на кој стартува новата сезона 2018/2019 од Лига на шампиони, одиме со најважните бројки од групната фаза на најелитното клупско европско натпреварување. Марко Балота уште никој не го стигнал.
32 години ќелавост. Италијанците го викаат amministratore delegato, функција која кај нас би можела да се преведе како извршен директор во клубот. Прво им беше легендарниот Адриано Галијани, потоа бледиот Марко Фасон,е за денес и официјално да објават дека од 1. декември AD ќе им биде Иван Газидис, богатиот акционер кој неодамна го напушти Арсенал. Пази случајност, и тој ќелав.
Со огромно нетрпение, радости и пиво во фрижидер го чекавме денешниов ден. Ќе ни треба само добро фудбалско друштво и линк на нет кој нема да сецка за да му се препуштиме на елитното уживање составено од 32 екипи кои ќе се борат за 1 трофеј во Мадрид на 1 јуни 2019-та. Во најавата за учесниците ќе ги видите и тројцата нашинци кои го имаат подигнато трофејот.
Тешко беше викендов да си навивач на Лацио или Емполи, меч кој во финишот понуди класична стресна ситуација на двете страни. Лацио го доби гостувањето со 0:1, но во последите секунди од мечот можеше многу лесно да биде 1:1. Дали се свесни домаќините што промашија? Или што успеа да одбрани Стракоша?
Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.
Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис.
Бразилскиот репрезентативец пред крајот од мечот меѓу Јувентус и Сасуоло (2-1) директно во лице одблизу го плукна Федерико Ди Франческо. Судијата повика ВАР репетиција и без размислување му даде директен црвен картон на Даглас Коста кој утрово им се извини на сите навивачи на Јувентус и на соиграчите и управата.
Голманот на ЦСКА Софија, Литванецот Витаутас Черјнаускас сакаше да ја избие топката што подалеку во својот гол, но поради глупава грешка таа на крај заврши во неговиот гол. По негова среќа ЦСКА на крај победи 3:1 против Черно Море.
Олимпик Марсеј го декласираше Генгамп со 4 гола постигнати за 26 минути во вториот дел. Вториот на мечот е дело на Димитри Паје кој влегува во сериозна трка за гол на сезоната во Франција. Е-В-Р-О-Г-О-Л.
По Александар Трајковски, уште еден член на македонската репрезентација беше човек на одлука на првенствените викенд средби. Фенербахче славеше 0:1 на гостувањето против Коњаспор, а мечот го реши Елиф Елмас кој стигна до деби гол за турскиот гигант на официјален меч. Летоска стрелаше на пријателска против Феенорд.
По две нерешени средби, фудбалерите на Палермо стигнаа до првите 3 бода во Серија Б, благодарение на Александар Трајковски. Напаѓачот на македонската репрезентација игра во одлична форма. Прво асистираше за израмнување, а по 8 минути направи целосен пресврт на гостувањето против Фоџа.
Лос Анџелес Галакси загуби 5:3 на гостувањето против Торонто, ама резултатот сега не е битен, туку Златан, впрочем како и секогаш. Нема друг фудбалер на планетава кој дава вакви голови. Ова е типична мајсторија и белег на неговата кариера. Уште нешто. Гол број 500 за Златан Ибрахимовиќ.
Четвртото коло од Серија А се покажа ептен бериќетно за Кристијано Роналдо. Никаде го немаше на првите три средби, ама затоа против Сасуоло му тргна со деби гол во 50-та минута и потоа уште еден во 65-та. Немаше стрелано 344 минути. Јувентус - Сасуоло конечни 2:1.
По три мачни кола и за него и за цела светска популација која цупкаше со нозете, мега ѕвездата стигна до долго посакуваниот деби погодок за Јувентус. Посреќен не можеше да биде. Играч на Сасуоло ја удри несмасно топката со глава, а таа се одби од земја, па во статива и од таму на тацна кај Роналдо на сама гол линија.
Најголемиот заводник кој некогаш играл на Апенините не е ниту Виери, ниту Инзаги, ниту големиот Дејвид Бекам. Сите овие заедно му спушаат капа и му се поклонуваат на левоногиот центарфор кој играше речиси во сите клубови од Серија А.
По околу еден месец од стартот на најсилните европски лиги, Меси, Бензема, Нејмар, и Мбапе решетаат со по 4 гола, но има ликови кои уште не можат да погодат, како на пример Кристијано Роналдо кој треба да учи од еден голман, деветтолигаш.
Рикардо Кварезма овој месец ќе наполни 35, ама тоа не значи дека повеќе не е способен за тој пусти мајсторски удар кој никој не може да го изведе како него. Колегите од Бешикташ ги учеше на тренинг.
Еден од двајцата ко-сопственици на англискиот Вест Хем, Дејвид Голд им предложил на колегите од Премиер лига заедно да се откажат од услугите на агентите и сами да ги заклучуваат трансферите, без посредници.
По три изминати кола, Кристијано Роналдо го нема меѓу стрелците во Серија А, ама тоа не значи дека не привлекува внимание. Доволно е само да се појави на тренинг и да направи по некоја чудесија за која сега сите коментираат.