Фудбал

Твитот со кој Барса го трола Модриќ

„Оди преку онлајн шопот купи си дрес од Меси, полесно ти е“, постирале админите на Твитерот на Барселона која што со 0:3 го прегази Реал сред Мадрид во полуфинале на шпанскиот Куп.

Што ако Роналдо има 300 милиони кога не може да седне на раат во кафана како Милко

Го облече дресот и на Ѕвезда и за Партизан. Беше репрезентативец и на Југославија и на Македонија. Роден е во Тетово, ама најголема ѕвезда е во Гронинген. Него не можеше да го легнеш во 11 навечер за да биде свеж на тренинг. Сакаше да го живее животот. И го живееше.

Хајдук Сплит го тужи Лиам Галахер зошто им го украл логото

Додека на сите труби во Британија се свирело за модната линија Pretty Green во сопственост на некогашниот пеач на Oasis, Хајдук му спрема тужба за плагирање на амблемот.

Во родниот град на Меси има култ за Че Гевара, но не и за Лео

Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.

Мурињо треба да учи од Солскјер како се одржува однос со новинарите

И покрај тоа што нема некое големо тренерско искуство, норвешкиот стратег не само што руши рекорди на Олд Трафорд, туку прави гестови со кои станува уште посимпатичен и кај навивачите, но и кај новинарите на кои неговиот претходник често им се ку.....ај да не кажеме што.

Магариња на мост

Во мечот во кој Челси со 2:0 го совлада Тотенхем а главна вест беше седнувањето на Кепа на клупа за резерви, Педро и Дени Роуз се однесуваа како деца при еден аут на Азпиликуета во судиското продолжение.

Господин Маурицио Сари со еден потег реши сè

Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.

Преку трибина и право во реката

Натпревар од полскиот Куп ја носи најтрагикомичната сцена од игра на еден со голман. Па во аут да ја рогнеше немаше да изгледа вака лошо. Како само ова му успеа? Се работи за Конрад Михалак од Легија Гдањск.

Дембеле му нарача космодиск на Карвахал, а Винисиус на Пике

Францускиот репрезентативец синоќа 75 минути одигра добар фудбал. Имаше и асистенција за гол, а она што му го направи на Карвахал, сигурно ќе се памети.

Многу мангупски гол на Мане

Ливерпул го декласираше Ватфорд со 5:0 и се брка со Сити на еден бод. Голот на колото, месецот, а и еден од најубавите на сезоната е дело на Мане кој синоќа постигна два.

Она кога сакаш да прославиш титула во ЛШ со навивачите

Кога Дидие Дрогба се местеше да го изведува пеналот вреден титула за Челси во финалето против Баерн во Минхен 2012-та година, се разбира дека камерата беше вперена во него и голот. Но дали знаевте потоа што правеше Лампард? Отиде да ги гушка навивачите. КАПИТЕНИШТЕ.

Како и се оддолжил Златан на жената која му давала да јаде како мал

Имаа милиони и милиони евра, вили, јахти, приватен авион и разно разни луксузи. Ужива светска фудбалска слава, освои 31 трофеј и може да троши колку сака. Ама и покрај тоа што стигна на врвот, никогаш не заборава кој му помагал кога бил на дното.

Глупсон и тупсон во епизодата „Ајде де, се случува“

Во осминафинале на преку-океанската Лига на шампиони, мексиканскиот Тигрес со 5-1 го демолираше Депортиво Саприса од Коста Рика. Првиот погодок на мечот беше автогол а кривци голманот Круз и стоперот Одри Дејвид. Не се знае кој е покрив.

Бен Арфа - фудбалерот кој е уживање да се гледа

Хатем е еден од оние ликови кои фудбалот го имаат во мал прст, ама не им се игра на голема сцена, туку за „помала публика“. По авантурите во Њукасл, Лил и ПСЖ, си го најде гнездото во Рен со кој ќе игра осминафинале на Лига Европа против Арсенал. Дечкото е цар.

Јуве и првиот италијански клупски триумф во Англија

Фабио Капело во ’80-те години бил толку активен и како тренер на Милан и како коментатор, што го викнале во студио да  ја коментира Астон Вила - Јувентус, четвртфинале на Куп на европски шампиони. Поради реклами каснеле со првиот гол.

Ќе има тешки кавги за даљинското, ова е недела на дербија

Кој вели дека спортска среда не е среда без Лига на шампиони? Ѕирнете што ќе има вечер на програмата и трк по пиво и кикирики, со поголема залиха која ќе ви треба за викендов. Па не можеше да биде појако.

Како еден морон со лизгачки старт му ја уништи цела кариера на Абу Диаби

Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.

Нов изум на додавање на Фабрегас

Фудбалерите на Монако врзаа некоја победа откако го набркаа Анри, а два дена после триумфот над Лион, Сеск Фабрегас се пофали на Твитер дека измислил нов начин на додавање. А не дека не е така, немало до сега ваков пас откако гледаме фудбал.

Од пола терен во Унгарија

Унгарски куп, играа Кисварда и Ференцварош. Мечот заврши 1-1 и гостите одат понатаму. Ама голот што го постигна Гориаран во 33’ минута беше научна-фантастика.

Торпедо на денот

Виетнамскиот првак Ханои го демолираше Нагаворлд од Камбоџа со 10:0 во рамките на Азискиот Куп, што се смета за рекордна победа во ова натпреварување. Еден од головите е како да ви кажеме. 

Кепа изгледа го заврши своето на голот сезонава

„Се извини на стручниот штаб и на соиграчите, но не беше доволно. Направи голема грешка, но мора да бидеме толерантни. Не сакаме да го убиеме него, клубот има своја позиција. За мечот (со Тотенхем) Кепа можеби нема да биде на голот можеби ќе биде“, изјавил синоќа тренерот Маурицио Сари на прес-конференцијата.

Ќе речеш стопер игра, ама дрибла како Меси

Лестер синоќа со 2-1 го совлада Брајтон, а за малку можеше да биде и поубедливо ако финишот на високиот и робусен стопер Хари Мегваер беше успешен како неговиот дриблинг.

Каде и како играат македонските фудбалери по странство

Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....

Голман во Германија ја спречи Пушкаш наградата за 2019-та

Кај се видело до сега ваква атракција со петица на асистенција со ножички? Никаде. Огромна штета што ова не е гол. Со ова ремек дело сигурно ќе завршеше конкурсот за гол годината бидејќи е нешто уникатно и неповторливо, а го спречи голманот на Сандхаусен на мечот против Келн.