Беше јасно како ден дека Реал Мадрид нема да биде истиот без освојувачот на пет златни топки, впрочем и што може друго да се очекува кога неговиот придонес изнесуваше 450 гола за 9 сезони. Кој ќе надополни сега?
Сме се нагледале убави голови, но најмногу благодарение на режијата и камерманите кои го вршат преносот и кои знаат како да фатат добар агол во прав момент.
Во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Толука дома изгуби со 0-2 од Спортинг Канзас Сити и со вкупен резултат 0-5 во двомечот испаѓа од турнирот. Синоќа пред крајот домашните навивачи викале “оле“ на секој контакт со топката на играчите на Канзас.
„Оди преку онлајн шопот купи си дрес од Меси, полесно ти е“, постирале админите на Твитерот на Барселона која што со 0:3 го прегази Реал сред Мадрид во полуфинале на шпанскиот Куп.
Го облече дресот и на Ѕвезда и за Партизан. Беше репрезентативец и на Југославија и на Македонија. Роден е во Тетово, ама најголема ѕвезда е во Гронинген. Него не можеше да го легнеш во 11 навечер за да биде свеж на тренинг. Сакаше да го живее животот. И го живееше.
Додека на сите труби во Британија се свирело за модната линија Pretty Green во сопственост на некогашниот пеач на Oasis, Хајдук му спрема тужба за плагирање на амблемот.
Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.
И покрај тоа што нема некое големо тренерско искуство, норвешкиот стратег не само што руши рекорди на Олд Трафорд, туку прави гестови со кои станува уште посимпатичен и кај навивачите, но и кај новинарите на кои неговиот претходник често им се ку.....ај да не кажеме што.
Во мечот во кој Челси со 2:0 го совлада Тотенхем а главна вест беше седнувањето на Кепа на клупа за резерви, Педро и Дени Роуз се однесуваа како деца при еден аут на Азпиликуета во судиското продолжение.
Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.
Натпревар од полскиот Куп ја носи најтрагикомичната сцена од игра на еден со голман. Па во аут да ја рогнеше немаше да изгледа вака лошо. Како само ова му успеа? Се работи за Конрад Михалак од Легија Гдањск.
Францускиот репрезентативец синоќа 75 минути одигра добар фудбал. Имаше и асистенција за гол, а она што му го направи на Карвахал, сигурно ќе се памети.
Ливерпул го декласираше Ватфорд со 5:0 и се брка со Сити на еден бод. Голот на колото, месецот, а и еден од најубавите на сезоната е дело на Мане кој синоќа постигна два.
Кога Дидие Дрогба се местеше да го изведува пеналот вреден титула за Челси во финалето против Баерн во Минхен 2012-та година, се разбира дека камерата беше вперена во него и голот. Но дали знаевте потоа што правеше Лампард? Отиде да ги гушка навивачите. КАПИТЕНИШТЕ.
Имаа милиони и милиони евра, вили, јахти, приватен авион и разно разни луксузи. Ужива светска фудбалска слава, освои 31 трофеј и може да троши колку сака. Ама и покрај тоа што стигна на врвот, никогаш не заборава кој му помагал кога бил на дното.
Во осминафинале на преку-океанската Лига на шампиони, мексиканскиот Тигрес со 5-1 го демолираше Депортиво Саприса од Коста Рика. Првиот погодок на мечот беше автогол а кривци голманот Круз и стоперот Одри Дејвид. Не се знае кој е покрив.
Хатем е еден од оние ликови кои фудбалот го имаат во мал прст, ама не им се игра на голема сцена, туку за „помала публика“. По авантурите во Њукасл, Лил и ПСЖ, си го најде гнездото во Рен со кој ќе игра осминафинале на Лига Европа против Арсенал. Дечкото е цар.
Фабио Капело во ’80-те години бил толку активен и како тренер на Милан и како коментатор, што го викнале во студио да ја коментира Астон Вила - Јувентус, четвртфинале на Куп на европски шампиони. Поради реклами каснеле со првиот гол.
Кој вели дека спортска среда не е среда без Лига на шампиони? Ѕирнете што ќе има вечер на програмата и трк по пиво и кикирики, со поголема залиха која ќе ви треба за викендов. Па не можеше да биде појако.
Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.
Фудбалерите на Монако врзаа некоја победа откако го набркаа Анри, а два дена после триумфот над Лион, Сеск Фабрегас се пофали на Твитер дека измислил нов начин на додавање. А не дека не е така, немало до сега ваков пас откако гледаме фудбал.
Унгарски куп, играа Кисварда и Ференцварош. Мечот заврши 1-1 и гостите одат понатаму. Ама голот што го постигна Гориаран во 33’ минута беше научна-фантастика.