Фудбал

Како ли да се опише овој грев?

Сигурно ги знаете овие видеа од соблекувална каде цел тим жонглира со глава, а последниот има задача да даде гол во кофа или што и да е округло. Следниот пат ќе го прават ова со играч мање, ама 100%.

Голманска асистенција на погрешен човек во погрешен гол

Некои видеа се тешки за објаснување, а токму ова е такво. Голманов од англискиот нисколигашки фудбал имаше најдобра намера, ама тоа се тие ризици кога ќе го напуштиш голот. На крајот се случи тоа што се случи. Немаше друго чаре.

Кога последен пат Италија постигнала 6 гола?

Без разлика што играа против Лихтенштајн, селекција која ја имаме здробено 11:1, победата од 6:0 е изненадувачка за селекција како Италија чија филозофија отсекогаш била како да се одбрани за да победи. Истата реализација како вчера ја имале пред дури 26 години.

Самскиот живот на трет резервен голман

Третите голмани тренираат регуларно со екипата и патуваат на натпреварите, иако знаат дека нема ама баш никакви шанси да застанат на голот. Тоа се случува само во ретки случаи кога тимот има криза со повредени голмани.

Грците ја направиле гостинската соблекувална гомна и лајна

Секоја чест за кам бекот на Грција која по негатива од 2:0 по 15 минути игра, се врати во вториот дел и стигна до израмнување против БиХ во квалификациите за ЕП 2020. Него што е со третото полувреме во соблекувална? Штала ја направиле.

Финскиот Арпад

Лукаш Храдецки е роден во Братислава, Словачка, има 29 години и е познат бундеслигашки голман. Решил да брани за Финска каде настапувал уште како млад, а синоќа беше најзаслужен што репрезентацијата на оваа земја славеше 0:2 на гости кај Ерменија во квалификациите за Европско 2020.

И на Роналдо еднаш му стоеше еден човек на жив ѕид

На човек со 5 златни топки и 5 трофеи во ЛШ тешко е да му најдеш маана. Слободните удари уствари него му се далеку од маана, бидејќи ги гаѓа јако, ама на Мундијалот во Бразил кога се најде во една слична ситуација како вчера Пјаниќ, што да ви кажеме. Кристијано Шумуликоски.

Лудиот кам-бек на Данска од 3-0 за 9 минути

Кога тркалото ќе тргне по надолнина, тогаш нема враќање назад. Тоа на своја кожа синоќа го осетија репрезентативците и навивачите на Швајцарија на стадионот „Сент Јакобс“ во Базел.

Како старее така будалее

Фабио Кваљарела на овие години не потсеќа на една ситуација со Роберто Баџо кога беше ветеран. Тогаш цела италијанска јавност му вршеше притисок на Трапатони да го викне за репрезентација, нешто што Манчини го направи со Фабио без пењавење и со многу чувство. Трап не попушти.

Како ли се врати ерменскиов голман во колосек?

Најчудната, најспецифичната, а веројатно и најтешката голманска интервенција во овие шест дневни квалификации ја имаше голманот на Ерменија. Сте видиеле ли до сега друг голман два пати да се фрли при еден удар, ама првиот пат во празно?

Миралем Пјаниќ - Жунињо

Добро толку ли немаат акал Грците, па на Миралем Пјаниќ му ставаат еден човек на жив ѕид или еден ко ни еден? Остај тоа вие далеку е, нема шанси да ја даде од таму. Ова е за него пенал.

И жени да играат Јувентус го полни стадионот до даска

Уште еден доказ за тоа колку е Јуве понапред организациски и помоќен финансиски од сите други клубови во Италија. Без разлика за кого навиваме, треба да бидеме реални. Гледаме италијанско во ера во која веќе осма година никој не може да им се фати по ниту еден параметар.

Браво мали

На меч меѓу Галатасарај У-14 и Истанбулспорт У-14, капитенот на домашниот тим неправедно добил пенал. Дека од мал со право носи капитенска лента покажа после неколку секунди. Прав пример дури и за постарите колеги.

Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.

Голманот на Андора го глумеше Ноер и излезе цреп

Глумата може да послужи како клип за најсмешно видео инсерти или во некој комичен филм каде се зборува за фудбал. Резултатот од неговото трагикомично излетување е асистенција до напаѓачот на Албанија кој го отвори резултатот. Пацериште.

На препорака од психолог - англиските репрезентативци јаваат еднорози во базен

Репрезентацијата на Англија и после Светското продолжува да „го враќа фудбалот дома“. Пред неколку дена ја згромија Чешка со 5:0, а синоќа во Подгорица ја згазија Црна Гора со 1:5.

Од што се лишел Зидан како млад за да стане топ фудбалер

Уметникот со топката кој беше привилегија да се гледа како везе во Јуве, Реал и за Франција, се навраќа многу години наназад и раскажува колку бил дисциплиниран за да успее. Немало излегување и пиење во град со другарите. Само на вода бил.

Кога Чави и Пујол дебитирале за прв тим кај тренерот Мурињо

Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.

Јунакот од Грузија што спаси репрезентативец на Швајцарија

Во квалификациите за Европско 2020, на мечот меѓу Грузија и Швајцарија, резултатот можеше да остане во втор план уште во првото полувреме. Среќа добро се заврши една многу непријатна ситуација.

Автогол на колото во најнезгодно време

Луксембург се држеше со Украина, играше машки и до 93-та минута имаше 1-1 за евентуален огромен бод во групата. Ама на крај, нивниот најдобар играч Жерсон Родригеш си заби неверојатен автогол и Украина однесе 3 важни бода.

Премиер лигата се потсети на Ѓорѓи Христов

Чисто како информација за помладите генерации, Ѓорѓи Христов е еден од ретките македонски фудбалери кои на една рака се бројат во Премиер лигата. Беше член на Барнсли (1997-2000) за кој постигна 8 гола на 45 средби, а има и 48 настапи и 16 погодоци за Македонија.

Брус ли фаул

Капитенот на Танзанија знае да биде многу опасен мангуп со топка, ама неговиот чувар од Бурунди веројатно ја утнал професијата и требал да тренира карате или нешто слично со тепање. Не можеме да се решиме кој повеќе нè импресионира во клипов.

Не може баш секој да биде голман

Оход е последнопласиран клуб во Саудиска Арабија и веќе е испаднат. Играат против Ал Хилал кој се бори за титула и му кинат два бода. Гостинскиот голман имитира црв и ги иритира домашните навивачи кои го гаѓаат со шишиња.