Синоќа се навршија 35 години од дебито на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, капитен на Милан и денес раководител на овој клуб за кого играше татко му, а денес игра и син му.
Само премиерлигашките клубови се до толку упорни со ровање до последниот свиреж на судијата. Не е важно каков е резултатот, најважно е да се запне до крај. Такви пример знаеме многу, како на пример финалиња во ЛШ со Манчестер Јунајтед, па со Ливерпул.
Елиф Елмас доби нова шанса за настап кај Џенаро Гатузо кој на првите средби го игнорираше. Овој пат го стави во 67-ма минута, го пофали за настапот и на крај му влезе со гради за да му честита во свој стил.
Моментот кога веќе се стемнува, а нерешено е и мора да ја решите, па испотени и жедни си викате: „Кој дае гол победник“, и играте уште саат време дур не свирне од горе стариот и рече: „Качувај се горе, јас да не се симнам“.
Огнениот старт на 2020-та година - 6 гола на 3 меча за Јувентус, придонесе Кристијано Роналдо да влезе во Топ5 најдобри стрелци во историјата на фудбалот според Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation (RSSSF).
Се шегуваме. Дражта на Купот во секоја земја е токму во тоа, мал клуб од мало место да пречека некој гигант. Па да се соберат локалци, да го наполнат стадиончето, да испијат по некое пиво, да дофрлаат за фризурата на Рамос итн.
Сем Бисант, голман на нисколигашот Хемел Хемпстид Таун. Му шутираат од пола терен, топката оди 30 метри од него, ама тој битно се фрли да се осигура дека нема да влезе.
Златан пред некое време ги предизвика со Матрикс челинџ Пол Погба, Новак Ѓоковиќ, Хабиб Нурмагомедов и Мино Рајола, ама како што знаеме никој не му го прифати предизвикот. А прашање е и кој друг го може ова? Како потег и каква еластичност има човеков.
Во Египет падна чист гол (речиси падна) кој во последен момент судијата го поништи. Кога топката стигна на гол линија соиграч на стрелецот место да ја остави, непотребно ја заби. Каде е проблемот? Епа во офсајд беше, ќе сконтате од забавената снимка.
Суперѕвездата на Јувентус кој ќе игра на Европското 2020 ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Интересна и симпатична е и неговата трансформација од дете во зрел човек.
Реал Мадрид објави дека потпишал договор со фудбалерот од средниот ред на Фламенго, Реиниер за кого платиле 30 милиони евра од кои 80% ќе одат за Фламенго, а останатото за играчот и неговите претставници.
Фудбалерите на СПАЛ ја шокираа Аталанта на гости со 1:2, па уште и со пресврт. Фудбалерот со број 7 Симоне Мисироли изведе нешто несвојствено за голман, а не па за играч од среден ред. Нешто налик шкорпион потег со кој го спаси својот тим од пораз.
Нови правила за голманските дејствија има во многу спортови. За оние кои не знаат, од минатото лето при ударот од 11 метри (пенал), голманот мора да остане со едната нога на линијата до самиот удар (народски не смее да излагува со двете нозе).
Ај што даде победнички гол во 57’ минута за 2-1 за Галатасарај против Денизлиспор, туку 33-годишниот Колумбиец Фалкао кој преживеа неколку тешки повреди и операици, спринташе 70 метри во самиот финиш како да му е последен меч.
Росонерите пркнаа малку и успеаа да ја прекина лошата резултатска низа, но имаат уште многу работа, особено во одбраната која им е кревка. Џиџо ги спаси од чист пораз со опасни интервенции откако ја оплеска.
Кристијано Роналдо ја реши Парма со два гола. Вториот го прослави со Дибала кој му асистираше, ама некако неочекувана прославава а? Или па му се лизна од возбуда?
Еднаш нема да можеш да ја префрлиш, друг пат ќе ја офукаш над гол, а еднаш од 1.000 пати ќе ти излезе некој во пресрет од тие што се наредени во живиот ѕид, па ќе ти легне како што треба. Клуб Бриж ја имаше таа ретко видена среќа на мечот против Андерлехт.
Со оглед на тоа што го прави на терен, во најава е идна голема фудбалска ѕвезда во новава деценија, а и во таа после нејзе. Деца на 16 години уште се собираат во школски двор за фудбал, а тој решава натпревари и дрибла како лудак дупло постари од него.
Каталонците синоќа го пробија бедемот на Гранада дури на 15 минути пред крај и славеа 1:0. Бускетс е Мојсовски, Меси е Миркуловски, Гризман е Манасков. а Видал е Столе. Вака оди тоа.
На Џенова сезонава и оди тапа џонс, а да го немаа нашиот махер за фудбал бетер ќе беше работата. Со оглед на тоа како игра на 36 години во Серија А, некако не е за пензионирање на лето.
Колку само млади деца излегуваат и импресионираат со начинот на кој ги решаваат мечевите. Душан Влаховиќ од Фиорентина го запознавте ли? Погледне со каква кифла ги попари Наполитанците. Гатузо пак го држеше Елмас на клупа.
Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
Кола за нејзе, кола за сопругот, кола за синот кој студира во Италија, три пати годишно на одмор на скапи места и не само тоа. На слава имала келнери, а на матурска кај синот пеела Северина. Ова тешко некако од плата а?