Фудбал

Меси за 700-от меч за Барса си подари гол + 2 асистенции

Мечот Барселона - Борусија стана 700-ти за Меси за клубот, и тешко беше да се поверува дека Лионел ваков повод нема да одбележи на свој начин.

Дави го, дави го Мохамед да не мрдне

Без разлика што газдата ги удри дебело по џеб, Наполитанците синоќа доста добро му се спротивставија на европскиот првак и си заминаа непоразени од Енфилд. Кулибали веројатно буквално си ја сфатил задачата, дека Салах не смее да му мрдне па во една акција место топка, вратот му го чуваше.

Што е со мрднатиов гол на Валенсија?

Шпанскиот состав синоќа му израмни на Челси на 2:2 во 82-ра минута со едно чудно голчиште на Даниел Вас. Не сме на чисто дали сакаше да ја нафрли или не, ама како и да е ова што го изведе не е нормално.

Станувај побрзо да не ти киднам пак

Смешки на дуелот Лил - Ајакс. Редарот улови дете на терен, ама дете со чувство дека треба да им се помогне на постарите. Браво, не сме виделе волку учтив падобранец во ЛШ.

Pazza Inter Amala, шоу од голови во Лига на шампиони

Лукаку-Лаутаро Мартинез во моментов е најпеколниот тандем во цела Европа. Двајцата во Прага дадоа прекрасни голови и се наоѓаа буквално без гледање. Барселона тренираше со Дортмунд, а Наполи со Елмас од 81' минута од клупата, до злато вреден бод на Енфилд.

Суарез што направи бе мајсторе?

Барса ја издоминира Борусија Дортмунд и после првите 45 минути имаше 2:0 со головите на Суарез и Меси. Овој првиов во еден момент ненамерно го опна судијата со топка и го кутна на земја.

Лукаку како тенк носеше двајца играчи и асистираше за гол

Интер гостува во Прага каде се игра луд натпревар со Славија. После 19 минути Лаутаро Мартинез го отвори резултатот по една сјајна асистенција на Ромелу Лукаку. Белгиецот ги качи на грб противничките бекови.

Да не може човек асален стрим да најде за ЛШ

И вие ли кои сте без Арена дома го имате овој проблем?

Капак од вц шолја над статуата на Ибрахимовиќ

Навивачите на Малме се гневни што човекот кој израсна во нивниот клуб и кој важи за најголема клупска икона, се сврти кон нивниот ривал Хамарби. Златан решил да купи дел од акциите на Хамарби а се шпекулира дека и кариерата би можел да ја продолжи во оваа екипа, чии мнозинство акции ги држи компанија сопственик на ЛА Галакси каде Ибра играше до скоро.

Несторовски: Пандев ни е симбол кој импресионира, а Елмас има поставено цел за три години

По 10 дадени шанси од 13 кола, Илија Несторовски конечно го разби малерот во Удинезе со што го потсети италијанскиот печат дека е жив. Го интервјуираа од Газета, а тој ги испофали и двајцата репрезентативни колеги од Серија А. Кој ми е идол? Па Илија Несторовски.

Остај малку количките и дојди да те запознаам со Клоп и Салах

Вирџил Ван Дајк не е само шампион на терен, туку и вака со луѓе. И покрај тоа што зад ова изненадување стојат Ливерпул и Нивеа како спонзор, сепак гестот е одличен, затоа што навивачов ова доживување ќе го раскажува цел живот.

За Манчестер Јунајтед во четврток може да заигра фудбалер кој преживеа тешка болест

Одбранбениот фудбалер Макс Тејлор се најде на списокот од 14 играчи помлади од 20 години кои отпатуваа со Манчестер Јунајтед во Казахстан каде ќе ѝ гостуваат на Астана во Лига Европа.

Едерсон му должи вечера на Фернандињо

Иако не им значи ништо во однос на табелата бидејќи секако се први, фудбалерите на Манчестер Сити синоќа дома одиграа само 1:1 со Шахтјор Доњецк. Море 1:2 ќе беше ако Едерсон после киксов немаше колега каков што е Фернандињо.

Левандовски е од друга планета

Ако „Златна топка“ се даваше за есенскиот дел од сезоната, Роберт Левандовски годинава немаше да има никаква конкуренција.

Кога Џани ќе ја здипли клупската камера

Езџан Алиоски им е најведар лик во Лидс Јунајтед. Синоќа го совладаа Ридинг со 0:1 и избија први на табела. За забавниот дел од гостувањето се погрижи македонскиот репрезентативец кој после заебанциите, ја сврте на сериозно и се помоли за Албанија каде вчера се случи катастрофален земјотрес.

Кое играчиште е овој Дибала

Не е битно дали му оди на Роналдо или не, кога Јуве секако растура и е прв на табела и во првенство и во својата група во Лига на шампиони. Зарем може да биде поинаку кога во напад го имаат момчето со една од најјаките левици.

Мурињо за улогата на децата што собираат топки

Ако мислевте дека ќе заврши само со едно гушкање, сте се зафркнале. На Жозе му најдоа видео од после Барса - Ливерпул минатата сезона, како објаснува дека секој клуб дека треба да мисли на секој детал, па дури и на вакви ситуации, а тоа е децата да “асистираат“ од зад аут линија.

Лева даде 4 за 14 минути, ПСЖ 2 за 2 минути против Реал

Јуве уверливо прв во групата по триумф над Атлетико, а Баерн се прошета низ Белград на крилјата на лудиот Левандовски кој 4 пати погоди во мрежата. Реал прокоцка два гола предност против ПСЖ за 120 секунди.

Дете му помогна на Тотенхем да даде гол, па Мурињо го гушкаше

Откако ја продолжи својата тренерска кариера со победа против Вест Хем, Мурињо и вечерва се радуваше на триумф на неговиот нов клуб Тотенхем. Губеа Спарси 0-2 на полувреме од Олимпијакос, ама во второ направија целосен пресврт и тоа благодарение на едно дете задолжено за топки.

Дибала лудаку

Напаѓаше Јувентус против Атлетико Мадрид, ама 45 минути не можеше да го совлада Јан Облак. И дојде судиско продолжение и слободен удар буквално од мртов агол. Топката ја намести Пауло Дибала.

Како две телиња добија црвени картони поради прослава на гол

Клуб Бриж извади бод дури во 90+3' минута од тешкото гостување кај Галатасарај во Лига на шампиони. Турците први поведоа, но Белгијците израмнија пред самиот крај преку Крепин Диата. Стрелецот на голот и неговиот соиграч Клинтон Мата веќе имаа жолти картони, ама се израдуваа како битанги кај корнер знаменцето и со право добија втор жолт и автоматски црвени картони.

Што среќлии ќе беа овие од Баер Леверкузен

Во 5. коло од Лига на шампиони во групата Д, Локомотив Москва игра дома со Баер Леверкузен. После 60 минути игра 0-2 за гостите кои поведоа после многу чуден автогол. По еден корнер, шпицот Едер кој на Португалија ѝ донесе злато на Европско 2016, во желба да избие една топка несмасно го погоди соиграчот Жемалетдинов и топката отиде во гол. Ова е инаку 5. автогол на противник на Баер Леверкузен сезонава, а 3-ти во Лига на шампиони.

Сторијата за браќата Лукаку кои учеле како да не бидат Касано и Балотели

Едниот е напаѓач, другиот крило и заедно се калеле во Андерлехт. Но Ромелу е далеку попознат без разлика што е само една година постар. Мајка им се молела додека живееле во мрак и ете ги сега и двајцата се во Италија, на второ и трето место на табела. Плус деца на место се.

НБА суперѕвездата што се вљуби во Јувентус

Донован Мичел, лидерот на Јута Џез и предводник на американската кошаркарска репрезентација на Мундијалот во Кина, пред неколку месеци имаше помалку чуден твит. Се заиграл фудбалче на Х-бокс и почнал да игра со Јувентус, ама како што новата ФИФА2019 доби забрана да го користи името на италијанскиот гигант кој потпиша договор со конкурентот PES, така Мичел не можел да го најде Јуве меѓу клубовите.