Фудбал

Елиф Елмас казнет 56.250 евра од газдата на Наполи

На прв поглед делува драконска казна, но ако се има предвид дека најверојатно станува збор за 2 неделна плата за многумина од казнетите играчи, тогаш полесно ќе им биде кога ќе ја видат сметката во банка.

Најубавите голови во деценијата од 2010 до 2020

Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.

Неоткриени снимки од зад сцената на Барселона

Каталонците спремаат документарец кој излегува на 29 ноември и за таа цел пуштија во етер јак трејлер кој се состои од повеќе ексклузивни видео парчиња стокмени во едно.

Ова не е одбрана на сезоната, туку на кариерата

СПАЛ и Џенова одиграа 1:1 во последниот меч од 13. коло во Серија А, Пандев влезе во 62-ра, а неговиот колега Јонуц Раду е дефинитивно одлепен со интервенцијава.

Од кај па сега фудбал на мраз?

Можеби ќе излезе дека сме демодирани, ама стварно не знаевме за ова. Хокеј на мраз да, ама фудбал на мраз? Еве сами ќе видите дека нешто не штима тука, ко пијани кокошки се движат.

Како везе Ајакс, топката му ја крие на противникот

Имаат постигнато 47 гола на 14 средби кои одлично ги возат без пораз. Викендов го намачкаа Хераклес 4:1, а акцијата при првиот гол беше „Дојдете и земете ако можете“.

Каков Роналдо, гледајте го Чиро

Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.

Како Италијанците ја билдаа атмосферата пред мечот со Ерменија

Фудбалерите на Милан изгледа треба да се огледаат од Италија У-21, бидејќи соблекувалната служи за облекување и за мотивирање еден со друг, а не за дремење на Фејсбук и Инстаграм.

Магијата на нисколигашкиот фудбал лежи во оваа акција

Од тие треторазредни лиги ширум Европа знае да излезе по некој лудак со Меси соло продор, ама најслаткото е кога ќе начекаме некоја ваква контра со неколку генијалности во едно. Ова скапоцено видео парче со епски крај ни доаѓа од Италија.

Швајцарска тики-така во режија на Јанг Бојс

На мечот Сион - Јанг Бојс (3:4) во краток временски период паѓаа голови како дожд. Во 76’ минута при резултат 3:3, гостите прават акција ала Барса а егзекутор е Рожер Асале.

Како царице црвен картон за докторот?

Лекарските екипи според правилата мора да добијат дозвола од главниот судија за да истрчаат на теренот и да дадат помош на повреден играч. Ама една судијка во Шпанија малку се занесе па се размавта со црвениот картон додека на тревник лежеше повредена фудбалерка.

Фотките кои не требаше да протечат од соблекувалната на Милан

На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:

Де Хеа па не е реално ова што го направи

Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.

Нестогол го даде првиот гол за Удинезе и го исмејуваше ВАР системот

По 13 минати кола, Илија Несторовски го постигна деби голот во дресот на Удинезе на гостувањето против Сампдорија која сепак го сврте на крај резултатот на 2:1. Нестогол реагираше иронично спрема ВАР технологијата, со која во 3-та минута му беше поништен гол поради претходно играње со рака на негов колега.

Евра запеа хит на Оливер Драгоевиќ

Не е лесно да се оди на млади години во пензија. Патрис Евра веќе не знае како да го помине слободното време, па откако даде интервју за хрватски медиум, му посвети песна на поранешниот колега од Јуве, Марио Манџукиќ. 

Сантијаго Бернабеу силно го исвирка Бејл

Зинедин Зидан синоќа против Сосиедад го стави во игра Герет Бејл, а публиката му приреди пречек како што се очекуваше. Ти не нејќеш? И ние те нејќеме.

Голман, ти не си арен

Тоњо Родригез, голманот на мексикански Чивас, на мечот против Веракруз во домашното првенство, во 93' минута реши да проба нешто невозможно. Ја зарога топката силно од гол на гол, зошто го виде својот колега подизлезен и постигна многу јак гол за победа од 3:1!

Лудо финале на Копа Либертадорес - Фламенго славеше со голови во 89 и 92 минута

Во Јужна Америка дефинитивно не може да се одигра мирен, неемотивен меч без напнатост и тензија.Така беше и во саботата вечера, кога за вредниот златен пехар во Копа Либертадорес се судрија титаните Фламенго и Ривер Плејт.

Убавина од акција на Тотенхем и генијален пас на Деле Али

Фантастичен старт на Жозе Мурињо кој на деби мечот му донесе гостинска победа на Тотенхем по пауза од 11 месеци и тоа на дербито со Вест Хем 2:3. Погледнете какво акцииште врзаа и каков магичен пас изведе Деле Али.

Кој му дал на овој да шутира пенал?

На Куп натпревар во Бразил меѓу екипите на Пајсанду и Куијаба, финалето после нерешениот исход се решавало на пенали. Куијаба загуби затоа што довербата на крај му ја даде на човек кој после ова корнер не треба да му дадат да изведе.

Шакира, Енфилд Роуд е тоа

Епскиот меч на кој Ливерпул на „Енфилд“ со 4-0 ја прегази Барселона и направи сензационален реванш, во неверување ја фрлил и Шакира, сопругата на капитенот на Барселона Пике.

Топ 5 голови на Македонија во квалификациите за ЕП

Со оглед на тоа што квалификациите завршија, а полуфиналето во Лига на нации против Косово е дури на 26 март, преостанува уште да се потсетиме какви голчиња брцнаа момците на Ангеловски во циклусот што заврши.

Финалето за ЕП 2020 Македонија ќе го игра во Грузија или Белорусија

Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.

Боксерот кој нокаутираше судија ќе заигра пак фудбал кога ќе почне Мундијалот во Катар

Германија минатиот месец беше згрозена и се чудеше на насилничкиот потег на еден играч кој направи потег, типичен како за селски фудбал каде судиите се најнезаштитени. И така и беше, бидејќи немаше ни лекар во близина.