Фудбал

Роналдињо збрцал 5 гола во затвор и за награда добил прасе

Не дека за фалење е ова од насловот, пазете за Роналдињо зборуваме, ама овие што играле од негова има да се фалат додека се живи. Знаеш ли со кој играв фудбал во иста екипа во затвор? Со кого? Со Роналдињо. Е како не?

На Марио Геце изгледа му е досадно по дома

Ова сега почнува, а Бундеслига вчера одлучија да ја сопрат, така што назад ни е зимата друже, односно пролетта. Али добро, ти си знаеш.

Убави спомени за вардарци од едно гол шоу на Градски

Додека да пофатиме кој сè го стопира спортот во светот и кој се разболел, ни избега едно доста убаво и атрактивно парче видео кое вчера направи 7 години од своето постоење. За жал и тогаш стадионот како да бил под мерки поради вирус.

Пеналот на Волфсбург и шут во орбитата

Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.

На овие не им треба вирус за прекин, судија подели 8 црвени картони

Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.

Голов корона да не има?

Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.

Л’Екип: УЕФА размислува за нереални решенија за Лига на шампиони и ЛЕ

Пандемијата со Ковид-19 покрена лавина масовни откажувања на спортски настани, па така на прсти може да се набројат првенствата кои ќе се обидат, без публика, да тераат по свое.

Србите, Турците, Германците, Русите не прекинуваат со фудбал

И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.

Толку беше и од ЛШ и од ЛЕ

Короната го покоси и спортот. Секој ден се откажуваат национални првенства и еве ги на ред дојдоа и двете клупски меѓународни за кои УЕФА молчеше и не носеше одлука.

Со видео порака се огласи позитивно тестираниот фудбалер на Челси

Калум Хадсон-Одои, дете од школата на Челси и еден од фудбалерите кои одлично играа сезонава, бил позитивно тестиран на новиот вирус. Се огласи со порака.

Локум топка е таа, а ти си напаѓач

Од шест одиграни нокаут средби во ЛЕ, како домаќин победи само Истанбул Башакшехир 1:0 против Копенхаген. Вистината е дека требало да биде 2:0, а тоа ќе го сфатите откако ќе ја видите шансата на Демба Ба.

Мангупарија на Игало на асистенција на Бруно

Манчестер Јунајтед го потопи Ласк на гости со 0:5 во топ 16 фазата од ЛЕ, а во центарот на вниманието е блесокот на новите две засилувања. Едниот асистираше атрактивно, другиот си поигруваше со топка по што ја закуца душмански.

Кај Симеоне дома на 2:3

На Ливерпул, ваков како што е опасен и полетен со Клоп и плус бранител на европската титула, да му одиш на гости, да губиш 2:0, а потоа да му пикнеш 3 комада во продолженија, треба стварно да си мангупиште. Чоло синоќа беше, а дома имаше џумбус кој го снимаше жена му.

Малку кој слушнал за него, а сега стана адут од ракав кој го сруши Ливерпул

Кога во 56’ минута од реваншот Ливерпул - Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го извади Диего Коста и го стави малку познатиот Маркос Љоренте, никој не можеше да претпостави што ќе се случи.

Диего Коста им кашлаше на новинарите да се шегачи со вирусот

Одамна знаеме дека има моронски испади, така што вакво нешто од центарфорот на Атлетико Мадрид може да ги изненади само неупатените.

Тргнете ги рацете, идиоти

Синоќа на Енфилд Роуд за 120 минути фудбал видовме сè и сешто. А пред почетокот на мечот Јирген Клоп не можеше да им се начуди на гледачите кои му пружаа рака да се поздрават, иако препораките од надлежните власти се дури и да нема публика и стадионите да бидат затворени.

Автобуски правила во Португалија за време на вирусот

Практично се работи за само едно правило кое лично и персонално им го кажа шоферот на патниците. Кој не се сложува знае каде е вратата. Среќен пат.

Хит прослава на играч во Саудиска Арабија

Кај сте да ве чујам? Ау да бе, без публика се игра.

Адебајор добар си?

Ако не сте знаеле Емануел Адебајор од пред месец дена игра во Парагвај. 36 годишниот напаѓач како ѕвезда од Премиер лигата на доста фин и културен начин им се претстави на Јужноамериканците.

Ти му викаш без навивачи се игра, а тој им се фрли

ПСЖ синоќа ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ. Мечот се играше без публика поради страв од ширење на коронавирусот, но мерките за кого како.

Фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирус

Стоперот на бјанконерите и репрезентацијата на Италија Даниеле Ругани бил позитивен по тестот за КОВИД-19, соопшти Јувентус на својот сајт.

Бандата на Чоло го освои Енфилд Роуд, ПСЖ оди понатаму

На крцат „Енфилд“, Атлетико Мадрид успеа дури во продолженија да се протне до четвртфиналето, а ПСЖ без гледачи ја надомести негативата со Дортмунд.

Нејмар го истрола Халанд

Бразилецот покажа зошто важи за еден од најскапите фудбалери на планетата. Одигра маестрално против Дортмунд во реваншот и беше главен творец на триумфот од 2:0 кој го однесе Пари Сен Жермен во четвртфиналето на ЛШ. Кога даде гол за 1:0 го имитираше Ерлинг Халанд со неговата прослава на гол од првиот меч.

Пандев: Одложете го мечот заради здравјето и затоа што е фер и спортски

Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.